1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воената хунта во Мијанмар и натаму спречува доставување помош

Воената влада на Мијанмар и по една недела од катастрофалниот циклон „Наргис„ не им дозволува на хуманитарните организации пристап во земјата. Сака сама да ја дели помошта. Притисокот од меѓународната заедница расте.

default

Помошта што беше дозволена досега ниту до далеку не е доволна за преживеаните

Поради пречките од воената хунта, меѓународната помош за настраданите многу бавно стигнува до нив. Вчера во Рангун атерираа првите авиони на Црвениот крст и на светската програма за храна, но на американските авиони не им беше дозволено слетување. И покрај тоа, САД вложуваат напори да се вопостави воздушен мост до кризните подрачја. Фрлањето на помошта без дозвола од владата не е можно, изјави во Вашингтон американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс. Американскиот амбасадор во Тајланд, Ерик Џон во Бангкок изјави:

„Со секој ден во кој не се издаваат визи, се повеќе луѓе ќе страдаат, а ние сакаме да помогнеме, но за тоа ни се потребни визи„.

Во обид да се натера бурманската влада да попушти, Франција во Советот за безбедност побара зголемување на меѓународниот притисок, но Кина и Индонезија го одбија тоа. Индонезискиот амбасадор во Обедиентите нации Марти Наталегава изјави дека постојат подобри форми за дискусија околу помошта на жртвите од катастрофата.

Германија бара од властите да дозволат влез за хуманитарците

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер со многу јасни зборови на адреса на воната хунта:

„Во министерството штотуку беше амбасадорот на Мијанмар. Го повторивме апелот со барање порака итно да им ја пренесе на властите во Мијанмар„

Државниот министер Гернот Ерлер со следниов став:

„Имам впечаток дека во самата земја се зголемува притисокот. Тоа мораме да го поддржиме, зашто е нехумано она што се се случува таму„.

Пристигнаа првите камиони со помош

Во меѓувреме до опустошениот град Лабута во делтата на Иравади стигнаа првите камиони со помош. Ова денеска го потврди програмскиот директор на хуманитарната организација АДРА, Хоаким Котиг. Според информациите на неговите соработници, во градот кој нормално има 50 илајди жители, стигнале 120 илјади бегалци од околината. Камионите кои од Рангун патувале шест часа, донесле ориз и други прехранбени производи со кои може да им се помогне на околу 20 илјади луѓе. Во регионот скоро да нема храна ниту вода за пиење.