1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воената операција против противниците на Асад продолжува

Жителите на Сирија бегаат, армијата е во поход против сопствениот народ. Врз сирискиот претседател Башар ел Асад расте меѓународниот притисок.

default

Немири и насилство во Сирија

„Ал Асад сега мора брзо да делува, да ги слушне гласот и желбите на народот“, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Илјадници луѓе го напуштаат северот на Сирија, каде армија во меѓувреме невлезе во грдот Џиср ал Шогур. Луѓето бегаат од

UN-Generalsekretär Ban Ki Moon

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

другата страна на границата во Турција. Повеќето со себе ги носат најнеопходните работи, а многумина се изнемоштени и мора медицински да бидат згрижени.

Организацијата за бегалци на ОН стравува, дека бегалците ќе бидат соочени со нови прoблеми, откако по извесно време ќе сакаат да се вратат во својата татковина. Портпарол на УНХЦР изјави: „Од наш агол одлучувачки е, да може безбедно и достоинствено да се вратат. Не смее да се допушти од сириска страна да добиваат закани или да бидат прогонувани.“

Во текот на ноќта оклопни возила навлегоа во северносирискиот град Џиср ал Шогур, кој со денови беше опколен. Единици на војската ги запоседнале улиците и плоштадите. Во акцијата се смета дека учествувала и четвртата дивизија на репубиканската гарда, која е под команда на Махер ел Асад, еден од браќата на претседателот. Махер ел Асад е познат по неговиот цврст став против противниците на режимот.

Flüchtlingslager im Grenzgebiet zwischen der Türkei und Syrien

Бегалски камп на сириско-турската граница

Надворешно политички режимот на Асад стои пред урнатини. Пропаднаа повеќе обиди, по долгогодишна политичка изолација, да се привлечат странски инвестиции во земјата. Францускиот министер за надворешни работи Алан Жипе дури е на мислење дека Асад повеќе нема право да владее со земјата. „Состојбата сега е јасна. Реформскиот процес во Сирија е мртов, а Башaр ел Асад изгуби легитимитет да владее со земјата.“

На сириското стопанство итно му се потребни инвестиции. Но во моментов, за Асад тоа не игра никаква улога, оти во прашање е дали политички ќе преживее. Кај голем дел од населeнието ја загуби довербата. Меѓутоа се’ додека може да се потпира на поголемиот дел на војската, полицијата и тајните служби нема да биде соборен. Првите пукнатини во овој фундамент станаа видливи изминативе денови, кога во јавноста стигнаа гласини за побунување.

Автор: Феликс де Кувеланд/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски

Поврзана содржина