1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Водич при патувањата: шетање наоколу

Доколку сакате да патувате низ Германија со воз, авион, автобус, трамвај, метро, автомобил или велосипед, прочитајте ги следните неколку совети.

default

Возови

Патувањето со воз може да биде брз и најсоодветен начин за да патувате низ Германија. Исто така, тоа е вистински начин за да уживате во пејсажите, или да поспиете по долготрајниот лет до Германија.

Колку порано ги купите, толку билетите се поевтини. Доколку резервирате билети за одреден ден три дена однапред, можете

BdT Deutschland Frankreich Verkehr Hochgeschwindigkeitszug Frankfurt Paris

да добиете попуст, зависно од понудата. Децата до 14 години патуваат бесплатно кога се во придружба на родител, баба или дедо.Бројот на деца кои патуваат мора да биде наведен на билетот. Групи од шест лица или повеќе, можат да заштедат дури и до 70 проценти, во зависнот од тоа колку време претходно ги резервирале билетите. Билети можат да се купат и преку интернет на www.bahn.de и самостојно да се испечатат. Исто така, можете да ги купите однапред или во последен момент на секоја железничка станица, или на билетарница или на специјални автомати. Во возовите на подолги дестинации, билети можат да се купат од кондуктерите со готовина или кредитна картичка, но во тој случај мора да се плати и екстра такса. Дел од регионалните возови може да има автомат за билети, но не сите.

Препорачливо е билетот да се купи однапред. Кога патувате за викенди или празници или кога имате многу багаж, добра идеја е да резервирате место во возот. Тоа ќе ве чини еднипол евро за една дестинација. На вашиот ваучер за резервација ќе го пишува бројот на вагонот и бројот на седиштето. Ќе има и знак на колосекот за тоа каде ќе застане вагонот во кој што сте резервирале место. За возниот ред и за детални информации околу цените, можете да ја посетите веб страницата на германската железница - www.bahn.de.

Возовите во Германија се категоризирани по дестинациите и по нивото на удобност што го нудат, што значи има и големи разлики во цените на билетите.

ICE: Intercity-Express

Ова се најбрзите германски возови на долги дестинации и генерално се најскапи. Тие нудат луксузни услуги, како на пример приклучок за лап- топ и аудио-визуелна забава. ICE возовите застануваат само на поголемите станици.

IC/EC: Intercity and Eurocity

IC возовите ги поврзуваат поголемите градови во Германија, додека Eurocity возовите ја поврзуваат Германија со поголемите градови во соседните европски земји.

RB: Regional trains

Овие возови сообраќаат на пократки дестинации низ Германија и главно застануваат на повеќе станици.

Thalys: Париз - Брисел – Амстердам - Келн

Овој брз воз го поврзува Келн со Париз. Возењето трае 4 часа (3 часа во 2008).

Евтини летови

Евтините летови ги има многу повеќе во Европа отколку во САД. Доколку имате среќа да склучите добар аранжман, летањето од едно до друго место може да биде побрзо или поевтино отколку

Billigflieger Germanwings

патувањето со воз или автомобил. Некои компании се рекламираат со интер-европски летови што чинат само 19 евра. Ваквите цени се варијабилни. Колку порано го резервирате билетот, толку поверојатно е да склучите добар аранжман. Кога купувате билет преку интернет, проверете ги таксите, бидејќи тие можат многу да ја зголемат цената на актуелниот лет. Доколку сакате да резервирате интер-европски лет, можете да ги погледнете следниве веб страници:

www.billigfluege.de

www.e-flights.de

www.travelzoo.com

www.sky-tours.com

www.opodo.de

www.germanwings.de

www.tuifly.com

www.ryanair.com

www.airberlin.com

www.flydba.de

www.condor.com

www.easyjet.com

Возење во Германија

Граѓаните од земјите членки на Европската Унија кои имаат важечка возачка дозвола можат со неа да возат во Германија. Граѓаните од не-европските земји, кои имаат важечка возачка дозвола можат да возат во Германија само доколку престојуваат пократко од шест месеци. Оние кои се на подолг престој, мораат да аплицираат за германска возачка дозвола.

Stau auf der Autobahn

Не секогаш е потребна меѓународна возачка дозвола, иако тоа е дополнителна форма за идентификација и доказ дека поседувате валидна возачка дозвола во вашата земја. Интернационалната возачка дозвола мора да биде издадена во вашата земја пред да ја напуштите. Во Германија возачка дозвола може да се добие на 18 години, но за да се изнајми автомобил потребно е да се има навршени 21 година. Добивањето возачка дозвола обично чини од 1500 до 2000 евра. Потребни се и минимум 25 до 45 часа професионални часови по возење и 12 часа теорија.

Иако ограничената брзина на возење не е секаде регулирана, тоа не значи и дека не постои. Во градовите таа изнесува 50 километри на час, доколку некаде не е поинаку определено, а во резиденцијалните населби брзината на возење изнесува 30 километри на час. На автопатите лимитот е 100 километри на час. Само на магистралните патишта (Аuotobahnen), има „сугерирана“ брзина на возење, која обично изнесува 130 километри на час. Брзините од 160 до 200 километри на час се дозволени само на некои магистрални патишта.

Доколку патувате со деца, имајте на ум дека во Германија има строги правила што се однесува до местата на седење. Децата кои се пониски од 150 сантиметри и кои немаат навршено 12 години мора да седат на специјално седиште во автомобилот. Појасите се задолжителни и за децата и за возрасните. За значењето на сообраќајните знаци во Германија, посетете ја следнава веб - страница:

http://german.about.com/library/blauto_traf.htm

Заеднички патувања

Доколку сте авантуристи, заинтересирани да запознаете нови луѓе и доколку сакате да ги потрошите вашите пари од патувањето на пиво и сувенири, може да ги земете предвид заедничките патувања како алтернатива за патувањето со воз, автобус или изнајмувањето автомобил. Веб страницата www.mitfahrzentrale.de на оние кои сакаат да патуваат со други луѓе им нуди можност да најдат некој кој со автомобил патува во истиот правец. Патниците ги делат трошоците за бензинот и за патарините. Зачленувањето е бесплатно.

Јавен транспорт

Јавниот транспорт во Германија генерално е добро регулиран, особено во оние средини кои се повеќе населени. Правилата и цените се различни во различни градови. Во автобусите, билетите обично можат да се купат директно кај возачот. Во трамваите (S- Bahn) или метроата (U- Bahn), билетите можат да се купат од автоматите за билети, кои што се поставени на самите станици.

KVB Haltestelle in Köln

Некои трамваи имаат и автомат за билети во вагоните, но не задолжително. Билети од нив можат да се купат само со ситни пари.

Во зависност од правилата во одредена населба, можеби ќе биде неопходно да го поништите билетот или на станицата пред да се качите, или пак во возот или автобусот. Побарајте ги машините за поништување на билетите, прашајте некого, или пак, погледнете како тоа го прават другите патници. Можно е, исто така, да купите билет за повеќе патувања, или слободна карта која важи неколку дена, една недела или пак еден месец. Билетите ги проверува редовна инспекција, чии вработени најчесто се облечени како обични патници. Доколку немате валиден билет, ќе мора да платите казна од 40 евра на самото место.

Велосипеди

Во многу места во Германија, велосипедите не се само форма на

Fahrräder im Stadtverkehr

спорт и рекреација, туку и основно средство за транспорт. Многу често ќе видите возрасни луѓе, во костум и со вратоврска, како возат велосипед низ градовите, па дури и со прехранбени продукти во корпа зад седиштето. На велосипедистите им е дозволено да возат на улица, дури и кога нема обележана линија за велосипеди.