1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Водафон го сака Кабел Дојчланд

Британскиот мобилен оператор Водафон нуди 7,7 милијарди евра за Кабел Дојчланд. Заинтересиран за најголемиот германски кабелски оператор е и американскиот концерн Либерти Глобал.

Водафон денеска (24.06) понуди над 87 евра за акција, што значи проценка на вредноста на Кабел Дојчланд на 7,7 милијарди евра. Британците нудат 84,50 евра по акција во кеш, плус дивиденда во висина од 2,50 евра што Кабел Дојчланд им ја вети на своите акционери за минатата деловна година, но се‘ уште ја нема исплатено.

Управниот и Надзорниот одбор на Кабел Дојчланд, според наводи на Водафон, ја поддржуваат ваквата понуда. „Водафон и Кабел Дојчланд постигнаа основна согласност“, соопшти Водафон. Раководството на Кабел Дојчланд има намера да им предложи на акционерите да ја прифатат понудата.

На почетокот на месецов Водафон соопшти дека сака да плати 81 евро за една акција на Кабел Дочланд. Понудата беше отфрлена како недоволна. Американскиот концерн Либерти Глобал потоа ја подигна понудата на 85 евра за акција. Либерти Глобал веќе е сопственик на вториот по големина кабелски оператор во Германија, Јунити Медиа.

Кабел Дојчланд е понудувач кој го користат 8,5 милиони домаќинства во Германија. Во изминатата деловна година, како што соопшти претпријатието, остварена е нето добивка од 247 милиони евра, при обрт од 1,8 милијарди евра.