1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Водата - потенцијал за еколошка енергија

Македонија наскоро ќе добие „еколошка струја“ преку искористување на водата. Претпријатиетo ПЦЦ СЕ со седиште во Дуизбург во Македонија ќе гради десет мали хидроцентрали.

default

Малите хидроцентрали ги користат природните ресурси

Македонија е богата со вода. И според проценките на експертите во земјата може да се изгрдат околу 400 мали хидроцентрали. Дури и кога би се преполовил овој број потенцијалот е голем. Ова природно богатство на Македонија го препозна фирмата ПЦЦ со седиште во Дуизбург која заедно со Германското здружание за инвестиции и развој ќе гради хидроцентали во земјата и југоисточна Европа.

Претпријатието ПЦЦ, кое има меѓународна активност во областите хемија, енергија и логистика неодамна конкурираше на тендерот на македонската влада за изградба на хидроцентрали, и доби 10 локации за градба на југот и истокот на Македонија вели за Дојче Веле д-р Петер Венцел раководител на секторот за енергија во претпријатието ПЦЦ „Конкуриравме за вкупно 13 локации и деновиве добивме потврда дека можеме да градиме мали хидроцентрали на десет локации во Македонија. Станува збор за хидроцентрали со капацитет од 15 мега вати и вкупна годишна продукција од 65 гигабајт часови, што соодветствува на потребата за струја на 50 до 60 илјади домаќинства.“

На Македонија и е потребна енергија

Skopje,ESM Zentrale

Изворедна соработка со Македонија

Искуствата на фирмата ПЦЦ со Македонија се позитивни. Веќе подогло време тие испорачуваат електрична енергија во Македонија, прво на ЕСМ, подоцна и на МЕПСО. Но не само добрите контакти и трговска размена се виновна за тоа сега фирмата да гради хидроцентралите истакнува Венцел „Врз основа на трговската размена стекнавме доверба во земјата и создадовме контатки. Видовме дека потенцијалот со вода е добар и истовремено согледавме дека земјата има потреба од енергија и дека доаѓа порастот, дека снабдувањето од надвор е лимитирано. Во секој случај ќе има потреба од енергија во иднина и оттука сметаме дека хидроелектраните имаат и добар економски потенцијал.“

Економски потенцијал кој ќе го почувствуваат и граѓаните на Македонија, тврди раковоидтелот на секторот за енергигја во претипријатието ПЦЦ, Петер Венцел „Се разбира изградбата ќе ја надгледуваме од Германија, но ќе се отворат работни места на локално ниво. Една година по потпишувањето на договорот за концесија, што наскорор ќе се случи ќе почнеме со изградбата на хидроелектраните.“

Преку хидроцентралите до редукција на јаглерод диоксид

Проектот позитивно се оценува и од еколошки аспект со оглед на фактот што со изградбата на хидро центрелите ќе дојде до редукација на CO2, во конкретниов случај со изградба на десет мали хидроцентрали тоа би значело намалување на јаглерод диоксидот за приближно 62 илјади тони годишно.

Erneuerbare Energie - Wasserkraft

Водата - обновлива енергија

Со изгрдабат на малите хидроцентрали, според проценките настануваат незначајни влијаниа врз животната средина „Ќе внимаваме на тоа да не извршиме поголемо влијание врз природата отколу што е тоа потребно, и хидро електрените ќе ги интегрираме во природата така да не се гледа многу од нив. Се разбира реките, во опсегот кога ќе ги вадиме од коритото за да ги насочиме кон турбитинте и повторно да се вратат во коритото, ќе имаат нешто помалку вода но во реките ќе има доволно вода за да може рибите и натаму да опстојуваат. “ истакнува Венцел и потенцира дека при изгрдабата на хидроелектраните во Македонија фирмата ПЦЦ ќе се придржува до строгите прописи на Светската банка за зачувување на животната средина и социјалните околности.

Малите хидро центарали имено се сметаат за едни од најеколошки начин за добивање на електричнаструја , а во овој контекст спаѓаат и обновливите енергии како ветерот, соларната енергија и биомасата.

Што се однесува до соработката со Македонија постојат планови и за во иднина истакнува д–р Петер Венцел „Имаме планови. ПЦЦ е претпријатие кое е акативно во областите енергија, хемија и логистика и во сите три области во Македонија има интересни проекти, престои приватизација на различни државни претпријатија кои се интересни за нас. Темата енергија води, но сигурно ќе ги разгледаме можностите и во другите области.“