1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Водата - основно човеково право или потреба?

Подобра заштита на чистата вода и пристап на поголем број луѓе до неа, се бара во завршната декларација на Петтиот Светски форум за вода во Истанбул. Екологистите критикуваат дека само апел не е доволен.

default

Во Истанбул се побара подобро менаџирање на ресурсите со чиста вода

Турскиот министер за животна средина, Вејсел Ероглу, кој беше и домаќин на средбата во Истанбул, ја означи завршната декларација на петтиот Светски форум за вода, како „важен документ“ и основа за она што треба да се преземе во иднина. Од организациите за заштита на животната средина не се согласуваат со неговиот оптимизам. Тие критикуваат дека ова било средба на стереотипи и необврзувачки заклучоци. Навистина, завршниот документ што го потпишаа на крајот од манифестацијата претставниците на над стотина земји содржи само препораки и не е обврзувачки. Меѓу другото, со него се повикува на засилени напори на меѓународната заедница против поплави и суши, поголема соработка за да се надминат споровите околу водата, и подобро менаџирање на ресурсите со чиста вода.

Основно човекова потреба, но не и право?

Logo Fünftes Weltwasserforum in Istanbul

Нерамномерната поделба на ресурсите веќе сега е скандалозна, вели Беате Вернер од Агенцијата за животна средина на ЕУ во Копенхаген.

„Ако ја погледнете потрошувачката на вода на еден граѓанин во Европа, на пример во Германија, тој троши 100 до 150, а некогаш и над 150 литри дневно. Од друга страна ОН сега преговараат на глобално ниво да се утврди како основно право, секој жител на планетава да располага најмалку со 50 литри вода дневно.“

Но, основно право за употреба и достап на вода не е утврдено ниту по овој Светски форум за вода. Во завршната декларација од средбата во Истанбул се зборува за водата само како „основна животна потреба“, а не како „основно човеково право“ што предизвика разочарување кај голем дел од учесниците. Ова било попречено од Бразил, Египет и САД.

Предупредувања од експертите

Einsame Bahnstation Garub in der Namib Wüste Namibia

Експертите предупредуваат дека во иднина може многу зелени површини да се претворат во пустини

Според статистикатата една милијарда луѓе во светот немаат пристап до чиста вода, а 2,5 милијарди луѓе немаа вода за хигиена. Експертите исто така предупредуваат дека поради климатските проблеми и затоплувањето расте нивото на водите и морињата што може да поплави голем дел од крајбрежните области низ светот. Истовремено поради високите температури, делови коишто сега се плодни површини може да се исушат и да бидат како пустински области. Сето ова ќе влијае и врз изворите на чиста вода, што може да предизвика проблеми и конфликти.