1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Водата како универзално добро

Светската недела на водата која се одржува во Стокхолм е една од најреномираните меѓународни конференции посветени на водата. 2000 учесници од светот говорат за недостатокот и војните за вода и промените на климата.

default

Повеќе од две милијарди луѓе во светот немаат пристап до тоалет. Тие мораат нужда да вршат на отворено, но за тоа не говори никој. Исто така не се говори ни за тоа дека водата која се загадува на тој начин, води кон ширење на заразните болести. Состојба на која Биндешвар Патај и објави војна во Индија. Социологот во 1970 година формираше организација која разви ефтини тоалети, кои не ја загадуваат животната средина, и кои жителите на сламовите во Индија можат да ги користат за навистина мал надоместок. На Светската недела во Стокхолм, на Биндешвар Патак му се оддава признание за неговата долгогодишна работа, вели Сесилија Мартинсен, директорка на конференцијата во главниот град на Шведска.

Како да се обезбеди вода за мега-градовите

DelhibyCycle_Kochendes Wasser für den Tee .jpg

Целта на Светската недела на водата оваа година е да пронајде одговори на прашањата на глобалните промени. Кон тоа припаѓаат и техничките иновации како системот тоалети на Патак но истотака и прашањето за тоа како да се оптимира односот кон водата, која се‘ повеќе недостасува. За милиони луѓе, пред се’ во Африка и во Азија, кои живеат во брзо растечките населби во мега-градовите, прашањата на функционирачка канализација и пристап до чиста вода за пиење се навистина итни:

„ Силниот пораст на населението во градовите е важна тема. Како да постапуваме со водата за пиење и со побарувачката за вода во областите со прилив на население. Истотака и промената на климата има силно влијание врз општествата, има поплави, премногу или премалку дожд. На Светската недела на водата се занимаваме со водата во една поширока перспектива, со актерите од приватниот сектор, научниците, политичарите , но и луѓето кои технички се занимаваат со прашањата за водата“ , вели Сесилија Мартинсен.

Универзална наместо национална перспектива

Bild zur Welt Wasser Woche in Stockholm

Посебно важна тежишна тема на конференцијата годинава се транснационалните води, за чие користење спорат повеќе земји. Реките и изворските системи не познаваат граници. Меѓународни договори за користење на тие транснационални води и за арбитража во случај на спорови меѓутоа речиси и да нема. Во Стокхолмскиот институт за вода, кој е организатор на конференцијата, Андерс Јегерског работи на модели со кои во иднина би требало да се надминуваат конфликтите за вода:

„ Ние мораме да се оттргнеме од националната перспектива и да ги гледаме на пример реките во целина. Каде е најлогично да се постави определена брана, каде има земјоделски површини. Тоа на крајот носи поголема добивка отколку постојаното пребројување, кому колку кубни метри вода му припаѓаат“, вели Јегерског.

Автор: Агнес Бириг/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска