1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Водата за пиење е основно човеково право

Обединетите нации со резолуција на Генералното собрание утврдија дека правото на чиста вода за пиење е основно човеково право.

default

Правото на секој жител на Земјината топка на чиста вода за пиење сега е официјално признато човеково право, исто како правото на храна или правото на живот без измачување и расистичка дискриминација. Генералното собрание на ОН вчера (28.07.2010) ја усвои резолуцијата, со која го регулира ова прашање.

Тоа ја сигнализира итноста за решавање на проблемот со се‘ помалку чиста вода за пиење за светското население кое постојано се зголемува. Според Програмата на ОН за екологија, 884 милиони луѓе во светот немаат воопшто никаков или недоволен пристап до чиста вода за пиење. Освен тоа, речиси 2,7 милијарди луѓе немаат тоалет и основни санитарни уреди. Секоја година, поради недостиг на чиста вода за пиење или од последиците на пиењето загадена вода, умираат повеќе од два милиони луѓе. „Од

Nach Zyklon in Birma, Trinkwasser für Opfer

нечиста вода умираат повеќе луѓе отколку од сида, маларија и сипаници“, рече амбасадорот на Боливија Пабло Солон пред присутните на Генералното собрание на ОН. Најголемиот број од жртвите се деца под пет години.

Недостигот од вода и пресушувањето на пределите кои некогаш биле плодни, проблеми кои некогаш постоеја само во Африка и Азија, одамна се присутни и во Европа. На југот на Шпанија пустината секоја година се шири за еден километар во насока на север. Во се‘ поголем број региони во светот недостигот на вода предизвикува конфликти - на Блискиот исток меѓу Израел и Палестинците, во Индија или во земјите долж Нил. Проблемот уште повеќе се зголемува поради приватизацијата на снабдувањето со вода, што ја спроведуваат големите концерни за прехранбени производи. Поради приватизацијата, водата станува прескапа за потрошувачите.

„Проект сина планета“

Sauberes Trinkwasser wird Mangelware

Во времето кога се носеше „Основната повелба за човекови права“, во 1948 година, за сите овие проблеми човештвото немаше поим, аргументира Мод Барлоу, основач на „Блу планет проџект“. Во 2010 година, меѓутоа, недостигнот од чиста вода за пиење е „најголемата повреда на човековите права во светот“: „Ако не престанеме со загадување, нема да има доволно вода за секого. Се наоѓаме во еколошка криза за вода.“

„Проектот за сина планета“ се ангажира за заштита и поправедна распределба на ресурсите со вода во светот и ја иницираше меѓународната кампања за вметнување на правото на чиста вода во Повелбата на ОН. САД, Канада и Велика Британија попусто се обидуваа да спречат гласање за резолуцијата. Сепак, толку единствен како при гласање за слични теми, овојпат блокот држави од северот не беше. Германија, на пример, која според зборовите на нејзиниот амбасадор Петер Витиг е една од земјите кои најрешително се борат за право на чиста вода, гласаше за резолуцијата. Инаку за резолуцијата поднесена од страна на Боливија, гласаа 122 од 163 присутни членки на ОН. Останатите 41, исклучиво индустриски земји од северот, беа воздржани.

Автор: Андреас Цумах/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM