1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Водата е стока за тргување

„Одговори на глобалната промена“ - ова го бараа експертите и надлежните за проблемот со водата на конференцијата „Недела на водата“, што од 18.08.2009 до денеска (22.08.09) се одржуваше во Стокхолм.

default

Најголемиот дел од планетата Земја е покриен со вода, но сепак, само еден процент од неа може да се користи за пиење и хигиена. Со оглед на се` поголемиот број жители на Земјата, до 2050 година потребно е трипати поголемо количество вода.

Конфликтите околу користењето на водните ресурси што се наоѓаат во меѓуграничните области беше една од темите што преовладуваа на овогодишната „Недела на водата“ во Стокхолм. Во дебатите стана збор за тоа реките и езерата да се гледаат во целост, а не да се брои на која земја колку метри кубни и` припаѓаат, вели експертот од Шведскиот институт за вода, Андерс Јегерског:

Има многу конфликти околу водните богатсва што лежат на границата меѓу две земји, кои најчесто имаат политичка заднина. Овие конфликти мора да се решат на тој начин

Bild zur Welt Wasser Woche in Stockholm

Водата треба да се распредели - од тие што ја имаат за тие што ја немаат доволно

што нема да го попречат развојот, на пример во област како што е Нил. Ако се постапува рационално, можат да се постигнат поголеми предности во употребата на водата“, истакнува Јегерског.

Трговијата со вода е излезот?

Во Стокхолм се зборуваше и за плановите за распределување на водата, односно идејата - водата да се пренесува на големи патеки, од области кои располагаат со неа, до сушни региони. Во Кина веќе се градат цевководи, Мексико преговара со Канада, додека во Шпанија некои региони веќе долго живеат „на пумпање“. Шадад Атили, како шеф на палестинските власти, надлежни за водата, смета дека токму трговијата со вода може да понуди излез од кризата со вода за пиење: „Турција би можела да извезува вода во Газа. Преку цевковод можат да се снабдуваат и Израел и палестинските области. Со отсолување на морската вода, и таа може да се употребува за пиење. Нема да водиме војни за вода, но сите ќе мораме да плаќаме висока цена за овој се‘ поредок природен ресурс“.

И покрај сите добронамерни резолуции, со кои е утвредно основното право на секој човек да има пристап до вода за пиење, на сите им е јасно дека водата веќе одамна стана стока за тргување.

Автор: Ангер Бириг / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска