1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Водата во Македонија неконтролирано се троши

Според пресметките на Здружението на комунални претпријатија, 40 до 60 отсто од питката вода во Македонија неплатено исчезнува поради поради кражби, дефекти, полевање на зелените површини, како и од јавните хидранти.

default

Во Македонија неконтролирано годишно се троши од 40 до 60 отсто од питката вода која ја произведуваа Јавните комунални претпријатија, информира за Дојче Веле, Зоран Илиоски претседател на Здружението на комунални претпријатија на Македонија. Тој потенцира дека загубите доаѓаат претежно поради застарена водоводна мрежа, кражбите и недоволната екипираност во некои помали градови од страна на јавните претпријатија за евидентирање на сите нивни потрошувачи.

„Ние како јавни претпријатија се трудиме за намалување на загубите пред се` со реконструкција на водоводните системи, но и други мерки“ потенцира Илиоски. „Поставуваме современи мерни инструменти, коишто ќе ни укажат каде се проблемите. Исто така се евидентираат местата, каде што знаеме дека има загуба, а не знаеме колкава е количината и со поажурна интервенција на терен во смисла на неевединтирани т.е диви приклучоци на водоводниот систем.“

Со копање бунари против трошењето на питка вода

Sprudelndes Nass

Вода засега има доволно, но не значи дека така ќе остане

Скопје е меѓу македонските градови со најголема загуба на вода годишно, цели шеесет проценти. Затоа од 2008 година наваму се врши реконструкција на водоводната мрежа, односно замена на азбестните и поцинкувани цевки со нови лимено-железни. Досега се заменити триесет, а до крајот на годинава вкупно 45 километри. Замената на целокупната мрежа во Скопје, според Сашо Лазаровски, генерален директор на скопски „Водовод“, треба да заврши до 2015 година. „Со тоа значително ќе го намалиме бројот на дефектите на мрежата, а со тоа и загубите на вода. Исто така постојано апелираме до градоначалниците во општините и во градот Скопје да започнат со копање на бунари и да ја користат таа вода за полевање на зеленилото во Скопје и чистење на улиците, наместо водата за пиење, што моментално ја користат“, истакнува Лазаровски.

Од планираните шеесетина бунари за техничка вода, досега во скопските општини се ископани пет, а ќе продолжат да се копаат и во наредниот период. Некои од општините, како Неготино и Кавадарци, а делумно и во Битола, за полевање на зеленилото веќе користат техничка вода од бунари, а уште неколку општини исто така планираат да почнаат со таа акција.

Во Македонија засега има доволни количества на питка вода. Но, потрошувачите треба конечно да сфатат дека питката вода, што ја има се` помалку во светот, е драгоцена и треба да се троши рационално, заради што и постојано се водат медиумски кампањи, вели Илиоски, претседател на Здружението на комунални претпријатија на Македонија. Во законот постои можност на секое семејство да му се лимитира потрошувачката на вода, а над тој износ водата двојно да се наплатува. Поради недостиг на вода лани тоа ги искористи кумановскиот водовод, а според Илиоски за таа можност размислуваат и останатите водоводни претпријатија во Македонија.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Трајче Тосев