1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Воверајт не си заминува

Интерпелацијата на берлинскиот градоначалник Клаус Воверајт е неуспешна. И покрај дебаклот околу изградбата на новиот аеродром во Берлин, политичарот на СПД останува на функцијата.

На вонредната седница на берлинскиот парламент, барањето на опозицијата за гласање недоверба не доби мнозинство. Од 149 пратеници за смена на Воверајт гласаа 62 паретеници, а 85 беа против, меѓу нив очигледно и членови на опозиционите партии.

Опозицијата во берлинскиот парлемнт која ја сочинуваат Зелените, Левите и Пиратите, сакаше да му се изгласа недоверба на Воверајт еднаипол година пред истекот на мандатот. Причината-тој како претседател на Надзорниот одбор на акционерското здружение за изградба на аеродромот е соодговорен за енормното зголемување на трошоците на градбата и постојаното одлагање на отворањето на аеродромот.

Воверајт инаку во наредните денови ќе ја напушти функцијата во Надзорниот однор. Негов наследник ќе биде покраинскиот премиер на Бранденбург, Матијас Плацек.

Тоа што не се повлекува од градоначалничката фотелја, односно од премиерската функција во Берлин, Воверајт го образложи уште во четвртокот. Тој сака да преземе одговорност за дебаклот околу новиот аеродорм и да остане на власт, како што изјави.

Предавањето во употреба на берлинскиот аеродром е одложено веќе четврти пат. Последниот предвиден термин беше 27. октомври 2013. година. Причина за одложувањето се градежните недостатоци, пред се‘ заштитата од пожар.