1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Внимателно приближување на ставовите

На разговорите во Женева (01.10.2009) меѓу иранските власти и претставниците на петте држави постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија бил постигнат напредок.

default

Женева

Има придвижување во спорот околу иранската атомска програма. По осумчасовните интензивни преговори во близина на Женева, видно опуштениот коориднатор на надворешната политика на ЕУ Хавиер Солана соопшти дека во наредниот период Иран ќе ги отвори вратите на неговата нова атомска постројка во Гом за инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија: „Иран ни соопшти дека во целост ќе соработува со Агенцијата кога станува збор за постројката кај Гом. Тој набргу ќе ги покани инспекторите да ја посетатат постројката. Очекуваме тоа да се случи во наредните недели.“

Iran Atomgespräche in Genf Solana

Хавиер Солана на разговорите во Женева

Како втор резултат од разговорите кај Женева, Солана го наведе тоа дека петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија постигнале согласност за тоа Иран во координација со Меѓународната агенција за атомска енергија да може да збогатува ураниум во странство.

Западните држави, според Солана, за време на разговорите ја повториле подготвеноста да му понудат техничка и финансиска помош за развој на цивилната атомска енергија, но со предуслов Иран да запре со програмата за збогатување на ураниум.

Покрај тоа Иран искажал подготвеност повторно да разговара за неговата спорна атомска програма. Нова средба би требало да има веќе на крајот од месецов: „Морам да кажам дека ова е само почеток. Мораме да видиме натамошен напредок за темите за кои разговаравме денеска. Сепак денешниот ден донесе интевнзивирање на процесот за решавање на сите проблеми кои се` уште треба да се решат.“

Заострувањето на санкциите кон Иран, опција за која постојано се говореше во минатата недела, во Женева не беше воопшто споменато.

Автор: Паскал Лехлер / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска