1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Внимателност,но не и паника

Коментар на Хајнц Дилонг

СПД со релативно помали загуби,ЦДУ мора да бара коалиционен партнер,успех на „десните“-покраински избори во Саксонија и Бранденбург

СПД со релативно помали загуби,ЦДУ мора да бара коалиционен партнер,успех на „десните“-покраински избори во Саксонија и Бранденбург

Коцките се фрлени,гласовите се поделени и изброени.Покраините Саксонија и Бранденбург избраа нови парламенти.Кај СПД станува збор за промена на трендот.Притоа е јасно:Социјалдемократите во Бранденбург не изгубија толку колку што стана речиси вообичаено минатите месеци,и остануваат најсилна партија во покраината.Удел има секако популарноста на покраинскиот премиер Матијас Плацек.Загубата на ЦДУ од околу шест проценти,со која таа заостана зад ПДС,само го подвлекува сознанието до кое дојдоа гласачите,дека Христијанските демократи не се против толку многу дискутираните социјални реформи на германската влада.Зашто овие реформи се рабира и при изборите играа главна улога.Тоа ги објаснува и добрите изборни резултати на ПДС.

Теоретски,можна е коалиција меѓу СПД и ПДС,но политички многу поверојатно е продолжување на големата коалиција меѓу СПД и ЦДУ.

Во Саксонија ЦДУ го загуби апсолутното мнозинство и дури 15 проценти од гласовите.Една од причините е и личноста на премиерот Георг Милбрадт,кој ни оддалеку не е толку омилен како неговиот претходник Курт Биденкопф.Тоа што ФДП успеа да влезе во Парламентот,може да изгледа изненадувачки,но не и доволно за формирање коалиција со ЦДУ за Саксонија.Се споменува можна коалиција меѓу ЦДУ и СПД,што пред изборите изгледаше незамисливо.

Социјалдемократите малку изгубија во Саксонија,партијата уште минатите избори таму стигна на само 10,7 проценти,ниво кое не може да биде пониско за една народна партија.

Но забележани се и слаби резултати на ПДС.Нивната исто така популистичка кампања против актуелниот реформски пакет наречен Харц 4,не го донесе очекуваниот успех.

Но,затоа и помогна на екстремната десница.ДВУ ,Народната партија повторно ќе има пратеници во покраинскиот парламент во Бранденбург,во Саксонија НПД,Националдемократската партија на Германија освои девет проценти од гласовите.“Десните” за тоа

треба да му заблагодарат не само на популистичкото одбивање на социјалните реформи.Вистински политички концепти меѓутоа според сите искуства од нив не треба да се очекуваат.Но,нивниот успех сепак треба да загрижува.Гласачите имаат вознемирувачка недоверба кон демократијата,кон нејзините способности за наоѓање решенија.Склоноста на глачасите кон едноставни решенија кои во стварноста навистина не се тоа и се губат во некакви непријателски формули против странците,мора да ги загрижат демократските партии.Нужна е внимателност,но сигурно нема место за паника и хистерија.