1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Внимание, фестивалот почна!

Шансониерот и актер Шарл Азнавур и актерката Хафсиа Херзи го означија почетокот на 62-то издание на Фестивалот во Кан, со чие жири годинава претседава француската актерка Изабел Ипер.

default

Ритуалната реченица, со која се прогласува за отворен Меѓународниот филмски фестивал во Кан, беше изговорена на повеќе јазици од младата актерка Хафсиа Херзи и препознатливиот глас на Шарл Азнавур, доајенот на свеченоста. Азнавур си дозволи да се искачи по скалите на фестивалската палата во бел костум, наместо во црн смокинг. Шарл Азнавур - актер, кој го позајмува својот глас во анимираниот филм на херојот од филмот „Горе“, во продукција на Дизни-Пиксар, со кој беше отворен фестивалот. Ваква чест во Кан првпат му се приредува на еден анимиран филм. На Шарл Азнавур му беше оддадена посебна почит на свеченото отворање, со неочекуваното појавување на сцената на Брајан Фери.

Претходно, збор зеде Изабел Ипер, претседателката на жирито на 62-то издание на фестивалот. Ваква чест им

Charles Aznavour

Шарл Азнавур

припаднала само на 4 жени во историјата на Канскиот фестивал. Во своето воведно излагање, Ипер, на која и беше приредена овација, им оддаде почит на синеастите: „Кога ни‘ велат кои се, синеастите ни‘ велат што сме ние. И можеби што ќе бидеме. Тоа ни‘ го кажуваат и не‘ убедуваат преку нивната упорност, слобода, фантазија, интелигенција и преку нивната лудост“.

Фестивал по знакот на скромност

Француската актерка Изабел Ипер во Кан се чувствува како дома, бидејќи тука беа прикажани 17 филмови во кои играла, како „Виолет Нозие“ од Клод Шаброл во 1978 и „Пијанист“ Микаел Ханеке во 2001.

Следниот пат кога таа ќе земе збор како претседател на жирито, ќе биде кулминација на фестивалот. Тоа ќе се случи на 24 мај вечерта, кога ќе биде доделена „Златната палма“. Оваа година ќе бидат прикажани 52 долгометражни филмови од 32 земји, од кои 46 се светски

Cannes 2009: Klassentreffen im Zeichen der Krise

Во трка за „Златната палма“ - 20 дела

премиери. Во главна конкуренција за најпрестижното филмско признание се натпреваруваат 20 дела од светски реномирани синеасти, Џеjн Кeмпион, Кен Лоуч, Квентин Тарантино, Ларс вон Триер - сите веќе носители на „палмата“, како и Педро Алмодовар, Алан Резне и Михаел Ханеке. Меѓу членовите на жирито се и американската актерка Робин Рајт Пен, Италијанката Азиа Арџенто и американскиот синеаст Џемс Греј.

Кризата остава белег и врз годинашново издание на Меѓународниот филмски фестивал - имено, предвидено е да има 25% помалку приеми во споредба со минатата година.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска