1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Внимание! Пријателот ве прислушува!

Интернетот им овозможува на тајните служби безгранично „душкање“ во абсурдни димензии. Да се прави разлика меѓу пријатели и непријатели повеќе не е можно. Негодувањето од политиката делува вештачки, смета Бернд Ригерт.

Добредојдовте во новиот свет! Германската канцеларка Ангела Меркел беше соочена со многу потсмев од т.н „интернет заедница“, кога неодамна при посетата на американскиот претседател Барак Обама на Берлин правната димензија на интернетот ја означи како „нов свет“. Сега по последните откритија за прислушувaњето, шпионирањето и собирањето податоци преку интернет од страна на американските и британските тајни служби станува јасно: Сите ние навистина не знаеме ништо, какви се' можности нуди овој „нов свет“ наречен интернет.

Државите меѓу себе шпионираат институции и граѓани на други држави веќе со децении. Тоа во никој случај не е новина, само интернетот и глобалната струја на податоци нудат постојано нови и подобри можности. Анализата на метаподатоците на телефонската и и-мејл комуникацијата, владите и законодавците во целиот свет, им ја дозволуваат на тајните служби, за одбрана од опасностите. Американските тајни служби вон САД смеат да надгледуваат секого. Германските тајни служби ги надгледува струите податоци надвор од Германија и Европа. Британската го прави истото надвор од Велика Британија. Вакви примери има речиси колку што се сака. На овој начин настанува комплетна надгледувачка мрежа, имено тајните служби на партнерските држави ги разменуваат податоците и сознанијата меѓусебно. На овој начин елегантно се одбегнуваат националните одредби: Германската тајна служба ги користи податоците на американските служби, кои немора да се грижат за пресудата на германскиот Уставен суд за забрана на меморирање на податоци без конкретен повод. Владите и парламентарните комисии за тајните служби, се разбира за тоа не знаат ништо. Затоа реакциите за обвинувањата, кои сега излегоа на виделина во јавноста се претежно благи. Конечно досега сите профитираа од овој систем.

Deutsche Welle Bernd Riegert

Бернд Ригерт, автор на коментарот

Снимањето и анализата на струите податоци не е ништо ново. Веќе со децении тајните служби на САД, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд и Австралија го водат проектот „Ехелон“, со кој се надгледува сателитската комуникација. Најдоцна во 2001 година, кога Европскиот парламент го обелодени проектот „Ехелон“, никој повеќе неможе да каже дека тоа била непозната „нова земја“.

Преминување на границите

Со целно поставување на уреди за следење и наводни прислушувања на институциите на ЕУ во Брисел, Вашингтон и Њујорк американските тајни служби меѓутоа би ја преминале црвената линија. Тоа не се прави со партнерски нации. Уште подрастично е прислушувањето на учесниците на самитот на Г20 во Велика Британија во 2009 година. Вакво класично шпионирање, нема никава повразаност со анализа на податоците на глобалната комуникација и заштита од тероризам и едноставно е криминален чин, кој мора да биде сопрен. За тоа е неоходно јасно да проговори американскиот претседател Барак Обама, или британскиот премиер Дејвид Камерон, за тајните служби да си дојдат на свое место.

Скандалозно е што американските претпријатија прераснуваат во услужителна помош на тајните служби. Концерните вградуваат дупки во нивните софтвери и ставаат податоци на располагање. Во овој случај се злоупотребува наивната доверба на муштериите, бидејќи тие ништо не знаат, дали и на кого му ги даваат податоците.

Неопходни се глобални правила

За разлика од Кина, Северна Кореја, Иран и Русија, каде тајните служби најверојатно би можеле да работата целосно неконтролирани, нашите демократии би требало да имаат барем минимум контрола и контролори. Во поинаков случај не би биле подобри од секоја диктатура. Изненадувањето за тоа што во „новата земја“ интернет сега се' е можно, кај многу политичари и експерти делува наметнато. Требало да се знае, или барем да се претпостави. Сега би било важно за „новата земја“ конечно да се формулираат јасни правила и да се вкотват на меѓународно правно ниво. Тоа би било задача на политиката, кога ќе спласне првичаната возбуда.