1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара само хетеросексуални бракови

Владејачката партија во Македонија предлага уставни измени со кои бракот ќе се дефинира исклучиво како заедница на маж и жена. Само такви брачни заедници ќе имаат право и да посвојуваат деца

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во четврток, во Собранието покрена иницијатива за уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена.

Како што инфорормираше пратеникот Влатко Ѓорчев, владејачката партија побарала уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, а децата без родители да можат да бидат посвојувани само од брачни парови во кои ќе има еден маж и една жена или од самохрани родители. Според Ѓорчев оваа иницијатива со огромно мнозинство е поддржана од народот согласно традиционалните вредности и изрази надеж дека ќе биде поддржана од сите политички партии.

За да се донесат уставните измени, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ мора да го поддржи и опозициската СДСМ, бидејќи за вакви интервенции е потребно дво-третинско мнозинство.

Пратеникот Влатко Ѓорчев рече дека измените во Уставот се однесуваат исклучиво за оваа категорија и дека нема да има пакет со други решенија.