1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„ВМРО-ДПМНЕ не тргува со државата“

На синоќешната прослава на 20 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, македонскиот премиер и лидер на партијата, Никола Груевски порача-нема намера интересите на сопствениот народ и држава да ги тргува со кого било.

default

Никола Груевски

Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски порача дека неговата партија останува силно фокусирана на процесот на изнаоѓање решение за името, зашто тоа и‘ е потребно на Македонија за побрзо да напредува, но ВМРО-ДПМНЕ нема намера интересите на сопствениот народ и држава да ги тргува со кого било и со што било.

На синоќешната прослава на 20 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Груевски рече: „Во последните 4-5 месеци поминавме низ најжестоките притисоци да прифатиме работи кои не се за прифаќање, но тоа не само што не даде резултат, туку се изгуби многу време.“ Според премиерот, партијата е жестоко нападната со закана дека ќе и‘ се одземе власта.

„Доколку се јави подготвеност за решение на спорот, која нема да направи штета на никого, па ни на Република Македонија, и доколку се има таков конкретен предлог, кој би бил прифатлив за другата страна, ВМРО-ДПМНЕ во согласност со ветеното ќе распише референдум на кој сите два милиони граѓани ќе ја донесеме одлуката која, каква и да е, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати“, рече Груевски.

Автор: ЖА/БГ/миа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM