1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ не сака предвремени избори

Извршниот Комитет на владејачката партија одлучи дека во моментов не постојат објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот четиригодишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти.

default

Седиштето на ВМРО- ДПМНЕ

По долгата седница Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ноќеска донесе одлука да ги отфрли повиците на опозицијата за распишување на предвремени парламентарни избори.

Иако највисокото партиско раководство оценило дека доколку сега бидат распишани предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ би имал двојна предност пред СДСМ, сепак било оценето дека нема причина за распишување на избори.

Покерашки пристап на Црвенковски

Branko Crvenkovski ist der neue Parteichef von der Partei SDSM

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски

Во соопштението по средбата се наведува дека за владејачката партија е неприфатливо само поради едно блефирање и покерашкиот пристап во политиката на Бранко Црвенковски целосно да ја дефокусира енергијата насочена кон спроведувањето на ветената четиригодишна програма, борбата против криминалот и корупцијата, справувањето со последиците од светската економска криза, напорите за реализација на евроатланските аспирации и напорите за остварувањето на сите останати државни и национални интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ притоа порачаа дека се свесни оти СДСМ и Бранко Црвенковски ќе се обидат оваа одлука да ја злоупотребат за сопствено политичко поентирање.

ВМРО-ДПМНЕ во голема предност во анкетите

СДСМ претходно во Собранието на Македонија поднесе барање за распишување на предвремени парламентарни избори.

Во најголемата опозициска партија порачаа дека по масовното излегување на народот на протестниот марш на 5 декември во Скопје, Груевски има една единствена опција- да го прифати тоа што го бара народот и да биде поразен на предвремени избори.

Инаку последната анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС),објавена вчера (08.12.2010) покажа дека 28 насто од гласачите не би излегле да гласат на предвремени избори. Од оние што би го сториле тоа 23 насто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 11 проценти за СДСМ.

Автор: СН/БГ/макфакс/миа

Редактор: Борис Георгиевски