1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ му нуди нов рок за изборите на СДСМ

Владејачката партија нуди рокот за поднесување кандидатури за локалните избори да се помести за 3 март. Новиот рок би се постигнал преку измени во Изборниот законик.

default

Владејачката ВМРО- ДПМНЕ денеска (25.02) упати нов предлог до СДСМ за надминување на политичката криза во земјата. Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставрески го претстави предлогот со кој се нуди утврдување нов рок за доставување на листите за кандидати за градоначалник и за советници кој би траел до 3 март, недела, до 24 часот. Во овој рок, нагласи тој, сите политички партии ќе можат да ги достават листите, а оваа постапка би се овозможила со интервенција во преодните и завршни одредби на Изборниот законик и би се однесувала само за овие локални избори.

„Со овој предлог на СДСМ му се овозможува цела една недела да ги состави листите на кандидати за советници и градоначалници и да учествува на изборите, без притоа да има потреба од одложување на изборите, што за ВМРО-ДПМНЕ е непотребно и неприфатливо. Ако е потребна една недела за подготовка на листите СДСМ со овој предлог ја има“, рече Ставрески.

„Ако СДСМ денеска го прифати овој предлог утре на итна седница Собранието би ги усвоило измените на Изборнот законик и тие би стапиле на сила веднаш“, појасни Ставрески.

Доколку СДСМ донесе одлука за враќање во работата на Собранието тоа би имало и позитивни резултати во насока на надминување на политичката состојба со што би продолжил и политичкиот дијалог по сите важни прашања. Воедно, подвлече Ставрески, во текот на утрешниот ден би ги усвоиле измените на Изборниот законик со кој се утврдува нов рок за доставување на листите за

Mazedonien Zwischenfall im Parlament von Skopje

ВМРО-ДПМНЕ ја повтори идејата за формирање комисија за расчистување на случувањата од 24 декември во Собранието

кандидати за советници и кандидат за градоначалник од страна на политичките партии.

ВМРО-ДПМНЕ предлага во врска со настаните од 24 декември 2012 година формирање комисија која би имала надлежност да ги утврди сите причини, аспекти и настани кои доведоа до конкретната ситуација по примерот на сите демократски држави.

Опозициската коалиција, предводена од СДСМ викендов одржа конвенција во Куманово на која усвои декларација од пет точки, во кoja претстојните локални избори се означуваат како нелегитимни и се повикуваат граѓаните да ги бојкотираат.

Поврзана содржина