1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со спротивни тврдења за парламентарните избори

ВМРО ДПМНE со став дека во документот за надминување на политичката криза во Македонија не се наведуваат предвремени параламентарни избори. СДСМ пак со тврдење: Постигнато е нашето клучно барање за предвремени избори.

default

Нема датум, ниту датум за датум за предвремени парламентарни избори во петочниот договор за завршување на политичката криза во земјата, децидни се во ВМРО ДПМНЕ.

„Во ниту една верзија на вчерашниот документ, ниту во англиската, ниту во македонската, го нема зборот предвремени. Ние принципиелно стоиме на нашите позиции, кои повеќе пати ги повторувавме, дека нема одложување на датумот за одржување на локалните избори и дека нема договор со СДСМ за предвремени избори. Нема ниту датум, ниту датум за датум, како што велат од СДСМ“, изјави Илија Димовски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако СДСМ има намера да продолжи да го лаже сопственото членство и македонската јавност заради нивно задоволство, ние им велиме дека е тоа нивен избор. Но имаме обврска пред сите граѓани да ги демантираме нивните лаги“, изјави Димовски.

Постигнато е нашето клучно барање за одење на предвремени парламентарни избори, велат од СДСМ, по петочниот договор за завршување на политичката криза.

„Договорено е веднаш по локалните избори да се седне на заедничка маса со цел да се утврди тајмингот за следните парламентарни избори. Точно е дека зборот ’предвремени’ не е содржан во договорот, и тоа само заради
инаетењето на Никола Груевски и неговото инсистирање на формата. Содржината и суштината остануваат исти: тајмингот за редовни парламентарни избори е утврден со Устав, а секое седнување на маса и договарање на друг датум значи договор за предвремени парламентарни избори. Конечно, гарант за овој факт се преставниците на меѓународната заедница кои присуствуваа на средбите“, изјави партискиот секретар Андреј Петров.