1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги објавија стратешките насоки на заедничката влада

Новиот коалиционен партнер во македонската влада ДУИ ќе го респектира ставот на владеачката ВМРО ДПМНЕ за зачувување на уставното име. Решенијата за употреба на албанскиот јазик ќе се бараат во Охридскиот договор.

default

На следната средба Груевски со засилена позиција: Премиерот Никола Груевски со посредникот на ОН за името, Метју Нимиц

Од утре мандатарот Никола Груевски ги започнува поединечните разговори со шесте министри во новата влада, кои доаѓаат од новиот коалиционен партнер ДУИ. Во тој обид за лична и меѓупартиска хармонизација на ставовите, премиерот влегува по принципиелниот договор со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Спогодбата меѓу двајцата лидери на партиите содржи заеднички став по прашањето на уставното име, кое треба да се сочува. Потоа на жртвите од војната во 2001-та година треба да им се пружи социјална помош, според постојните закони. И елементот кој изненадува: општината Кичево нема да уште се спојува со соседните, во кои доминира албанското население, како што тоа го предвидуваше постојниот закон за територијална поделба. Поддршка од партиските раководства

Партиските врвови на идните коалициони партнери го одобрија договорот меѓу лидерите, иако во владеачката ВМРО ДПНЕ има отпори кон поранешните учесници во воениот конфликт во 2001-ва година. Наспроти нив, лидерот на владеачката партија Груевски не ја повтори политичката грешка од пред две години и се определи сепак за партијата која ја има доминантната поддршка на албанскиот дел од електоратот. „Со оваа влада се почитува волјата на Албанците и се обезбедува политичка стабилност во владењето“ – посочи потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, по синоќешната долга дебата на политичкиот врв. Таа исто така потврди дека ДУИ ќе го поддржи ставот на владеачката партија за името, што ја засилува позицијата на премиерот во преговорите за името со Грција. Претходно лидерот Ахмети побара решение за името што ќе го изразува мултиетничкиот карактер на Македонија.

„Таква влада би создавала поширок консензус околу решавањето на спорот околу името со грција, а од друга страна би ги отстранила можностите за нови политички тензии и кризи“ – оценува аналитичарот и универзитетски професор Аднан Шасивари.

Продолжуваат преговорите за употреба на јазиците


Новите коалициони партнери ги усогласиле ставовите и околу социјалните права на поранешните учесници во конфликтот од 2001. Тие треба да се обезбедат без донесување посебни закони. Исто така нема да се пробламатизираат новите норми за полиција во овој мандат и нема да се менува законот за употреба на албанското знаме. Затоа пак: „Ќе продолжат разговорите за донесување Закон за употреба на јазиците, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор“ – изјави Илија Димовски, новиот човек од доверба на премиерот Никола Груевски.


Груевски се очекува да му го поднесе на Парламентот комплетниот список за составот на новата влада на почетокот од неделата.