1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ВМРО ДПМНЕ жали, социјалдемократите обвинуваат

Без договор за одржување предвремени парламентарни избори, одлуката на СДСМ за бојкот на локалните избори и враќањето на пратеничките мандати е конечна, е заклучокот на ЦО на СДСМ. ВМРО ДПМНЕ жали поради ваквата одлука.

Според СДСМ, заклучоците на Централниот одбор се јасна порака дека изгубениот легитимитет на институциите може да го повратат само граѓаните преку слободни и фер парламентарни избори.

„На вчерашната седница на Централниот одбор, која се одржа во проширен состав, во присуство на претседателите на општинските организации, градоначалниците, пратеничката група и утврдените кандидати за градоначалници, СДСМ едногласно ги потврди и реафирмираше претходно усвоените заклучоци за актуелната политичка криза“, стои во соопштението на СДСМ.

Во него се појаснува дека во неколкучасовната дискусија уште еднаш биле разгледувани сите аспекти на кризата, можните решенија за нејзино надминување, како и ефектите кои ќе ги предизвика активниот бојкот на претстојните локални избори.

„Членовите на Централниот Одбор заклучија дека наводниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е провиден маневар, кој не демонстрира политичка волја за нормализирање на состојбите, туку претставува смислена провокација за здружената опозиција, која уште еднаш го потврдува тоталитарниот карактер на власта. Беше констатирано дека учеството на локалните избори не може да се третира одвоено од укинувањето на парламентарната демократија преку партиско полицискиот пуч кој го спроведе власта на 24 декември 2012 година“, соопштија од СДСМ.

Најголемата опозицона партија потврдува дека „Сојузот за иднината“ не одлучил да ги бојкотира престојните локални избори затоа што немало време да состави кандидатски листи, туку заради политичката определба на отпор против „овој режим“ и борба за обнова на демократијата, слободата и правдата во земјата. Централниот одбор на СДСМ смета дека иднината на државата е поважна од која било јавна функција.

Седницата на ЦО се одржа откако владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија изгласа измени во Изборниот законик за продолжување на рокот на кандидирање за локалните избори до 3 март.

ВМРО ДПМНЕ вели дека има уште неколку дена за премислување

Вицепремиерот и член на извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Ставрески, денеска изрази жалење за одлуката на Централниот одбор на СДСМ да се

Zoran Stavreski Vize Ministerpräsident Mazedonien

Зоран Ставрески

бојкотираат локалните избори коишто треба да се одржат на 24 март. Тој сепак се надева дека опозицијата ќе ја промени одлуката во наредните неколку дена:

„Ние подадовме рака, штета е што СДСМ донесе лоша одлука. Сепак, до недела остануваат уште неколку дена. Верувам дека ќе размислат добро за тоа да донесат праведна одлука и да не се вметнува земјата во непотребна политичка криза, да не се креираат проблеми и да останеме на патот на евроатлантските интеграции, на развој на економијата и да им понудиме на граѓаните програма и проекти врз база на кои ќе имаат можност да донесат соодветна одлука“, изјави Ставрески.