1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ВМРО ДПМНЕ го одби барањето за гаранции од СДСМ

ВМРО ДПМНЕ го одби барањето на СДСМ со што станува извесно дека во сабота на изборот на новата влада во парламентот нема да присуствува опозицијата. ДУИ најавува уште еден обид да ја премисли опозицијата.

default

Собранието ќе бира нова влада без опозиција

Македонија в сабота ќе добие влада изгласана од парламент без опозиција. ВМРО ДПМНЕ го одби барањето на СДСМ за издавање на писмени гаранции по неколку точки како услов за прекинување на бојкотот на собранието. Опозицијата изрази подготвеност да се врати во собраниските клупи ако власта обезбеди систем што ќе овозможи различни мислења во параламентот, ако гарантира дека ќе нема спектакурални апсења и ако прифати нов договор за деловникот.

Презумпцијата на невиност е во надлежност на судот, а барањето за нов деловник неприфалитливо - е ставот на ВМРО ДПМНЕ, што го соопшти пратеникот Илија Димовски.

Опозицијата не учествува во работата на парламентот

Коалицијата ВМРО ДПМНЕ - ДУИ има поддршка од над 80 пратеници. Незадоволна од изборните резултати ДПА го бојкотира собранието од конститутивната седница, а СДСМ не учествува во работата на парламентот веќе една недела. Во меѓувреме мнозинството експресно донесе низа закони од европската агенда.

По изгласувањето на деловникот за којшто резерви искажаа и некои пратеници на ДУИ, СДСМ ја потврди одлуката за бојкот донесена откако беше приведен партискот функционер Зоран Заев. Потпретседателот Јани Макрадули вели „СДСМ донесе одлука да не присуствува во работата на собранието, после одлуката и после дваесет месечна стратегија на ВМРО ДПМНЕ да владее сам во оваа држава.“

Ако нема политички дијалог извештајот од Брисел ќе биде негативен

Ваквото политичко миље нема да и донесе на Македонија датум за преговори за членство во Европската унија. И покрај ефикасноста на парламентот, есенскиот извештај на Брисел ќе биде негативен ако нема политички дијалог помеѓу власта и опозицијата. Димовски вели дека ВМРО ДПМНЕ неможе да биде одоговорна за чекорите што ги презема опозицијата.

Владечката ДУИ најави дека ќе направи уште еден обид да ја врати опозицијата во парламентот, а не ја исклучи можноста во убедувањето да се вклучи и странскиот фактор во земјата. За разлика од опозицијата, шефот на државата Бранко Црвенковски најави дека ќе присуствува на изборот на новата влада.

DW.COM