1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ број 5, СДСМ број 10 на гласачкото ливче

Жребката во Државната Изборна Комисија одлучи, Нова демократија да го носи бројот 1 на гласачкото ливче за изборите во Македонија. Последните законски измени предвидуваат редниот број да важи за сите изборни единици.

default

Државната изборна комисија денеска го утврди редоследот на коалициите и на политичките партии на гласачкото ливче, за предвремените избори за пратеници во македонското Собрание .

Партијата Нова демократија на гласачкото ливче ќе го носи бројот 1, број 2 е Партијата на Обединети демократи за Македонија - ПОДЕМ, број 3 -СДУ, 4 - ДУА - Демократска унија на Албанците, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде петта, ВМРО-НП број 6, ДУИ - 7, ДПА - 8, Достоинство - 9, коалицијата предводена од СДСМ - 10, НДУ - 11, ЛДП - 12, СДПМ - 13, Демократска десница - 14, Европска партија на Македонија - 15, ПДП - 16, НДП - 17 и Обединети за Македонија ќе биде 18. на гласачкото ливче.

Според последните измени на Изборниот законик, предвидено е коалициите и партиите да имаат ист реден број во сите изборни единици каде имаат свои листи.

Вкупно се поднесени 18 листи - шеснаесет партии и две коалиции. Предвремените парламентарни избори се закажани за 5 јуни.

Автор: СН/БГ/миа

Редактор: Борис Георгиевски