1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Вложување максимални напори

По премиерската средба со американскиот претседател, Џорџ Буш во Тирана, парламентарците од земјите на Јадранската група денеска во Скопје со изјава го потврдија својот заеднички интерес за влез во НАТО.

default

Никола Груевски

Парламентарците од Албанија, Хрватска и Македонија, на средбата во Скопје го собраа мини-владиниот кабинет, со што македонскиот премиер Груевски ја потврдува НАТО-агендата за свој врвен надворешно-политички приоритет. “Во наредните месеци максимално да ги вложиме своите индивидуални и заеднички напори, кои со сигурност ќе ги обезбедат поканите за членство за Македонија, Албанија и Хрватска на самитот на НАТО во Букурешт. Максимално да придонесеме за одржување на безбедноста во регионот, во време кога се решава последното отворено прашање во регионот – прашањето за статусот на Косово и да има максимална помош за Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои како членки на Партнерството за мир треба што побрзо и поквалитетно да го поминат патот што ние го минуваме“, рече денеска македонскиот премиер.

Груевски вчера ги информираше коалиционите партнери – Мендух Тачи од ДПА и Тито Петковски од НСДП, а неделава за резултатите од средбата со американскиот претседател Буш во Албанија ќе го запознае и македонскиот претседател Црвенковски. Со тоа Груевски практично ќе демонстрира волја за кохабитација и за нормализација на односите со Бранко Црвенковски.

Американската поддршка за А3 групата, без оглед на хрватската предност, властите во Загреб ја поврзуваат со Македонија и Албанија, вели Крешимир Ќосиќ, шеф на парламентарците кои се во посета на Скопје: “Одлуката ќе биде во основа политичка и сите три држави заедно ќе добијат покана за полноправно членство во НАТО“.

Трите земји го поддржуваат планот на Ахтисари за Косово и со тоа ја добија новата американска стимулација за НАТО. “Сакаме Македонија да стане еден од најсилните партнери за членство во алијансата“, уште еднаш повтори американската амбасадорка во Скопје, Џилијан Милованович. Таа изрази дипломатска резерва околу тоа дали Грција би ставила вето за македонското членство во НАТО поради спорот околу името: “Македонија и Грција постигнаа договор во 1995 година и убедена сум дека ќе продолжат врз тие основи“, изјави американскиот амбасадор во Скопје, додавајќи: “Загриженоста не треба да биде околу тоа дали некој ќе стави вето или не. Вистинско прашање е продолжувањето на процесот во ОН за да се пронајде крајно прифатливо решение за името“.

Поврзана содржина