1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Вложувања на Европската инвестициона банка на Балканот

Европската инвестициона банка во догледно време останува единствен сегмент на ЕУ кој системски ќе вложува во проекти за конкретно поврзување на земјите од Западен Балкан со остатокот на Европа и стратешки ќе придонесува за прилагодување на државите на условите на живеење во унијата. Ален Леговиќ пишува за проектите на кохезија на Западни Според податоците на Европската инвестициона банка, минатата година најмногу кредити добила Хрватска - 170 милиони евра, што за споредба е помалку од Словачка, а повеќе од Словенија. Потоа следува Србија и Црна Гора со кредит од 162 милиони евра. Разликите во проектите ги одразуваат разликите во потребите, степенот на развиеност и економската ситуација во државите од регионот и намерите на банката со вложувања да го форсира интегративниот процес. Вложувањата, значи, на различни регионални адреси се различни. Во Хрватска, банката минатата година освен големата модернизација на гасоводот, почна практично да го тренира новиот предизвик за регионот - вложува во малите и средни претпријатија. Во Србија и Црна Гора се модернизирани две болници и електричната мрежа, а средства се влеаја и во системот на трамваите во Белград. Во Албанија, кредитите на Европската инвестициона банка послужија за обнова на канализационата мрежа, а во Македонија за подобрување на елементи од дистрибуцијата на електрична енергија. ЕИБ оценува дека минатата година била година на вложување во нови сектори - образование, здравствена заштита и финансиски зафати на локалните власти наменети на подобрување на условите на живеење на граѓаните. Тоа е основа врз која банката ќе ја развива својата инвестициона активност и во следните години. Приоритет на среднорочната стратегија на вложување е кредитното поддржување на развојот на малото стопанство. Банката има намера да ги искористи своите искуства на нов терен на вложување во индустриски проекти, за што треба да се слушне во наредните години. Среднорочно, во периодот од 2000 до 2007 година, горната граница на вложувања на ЕИБ во земјите од Западен Балкан изнесува 9,28 милијарди евра.