1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вложи во изолација, заштеди на електрична енергија

Геотермален систем на греење и ладење, сончеви колектори, фасадни изолации енергијата - најмодерните технологии за штедење енергија веќе почнаа да се применуваат во изградбата на деловни и станбени објекти во Македонија.

default

Под енергетски ефикасен објект се подразбира објект кој штеди енергија, но нуди и поголем комфор, изедначена температура во сите простории, контролирана влажност на воздухот, во кој постојано циркулира свеж воздух и има мали влијанија од надворешната средина. Стручњаците велат дека инвестицијата во заштеда на електрична енергија се враќа за пет години. Струмичката фирма „Експро‘‘ во Струмица проектира сопствен деловен објект, кој штеди дури 90 проценти од енергијата, а вселувањето во објектот веќе започна. Во обвивката на објектот е поставена голема изолација, од кои фасаден ѕид со 38 сантиметри изолација и камена волна, применета во три системи, нагласува Славчо Ѓорѓиев, сопственик на „Експро“ од Струмица. „Дваесет вакви објекти трошат исто толку енергија колку еден класично изграден објект“, додава Ѓорѓиев.

Предизвик е ладењето

Во изградбата на објектот, „Експро“ користи и

Mazedonien - Land und Leute

Само 10 проценти од објектите во Македонија се изолирани

алтернативни извори на енергија - како на пример сонцето за загревање на вода. Меѓутоа, со оглед на географската местоположба на Македонија, освен загревањето на објектот, голем предизвик е и неговото ладење. „На две метра под површината на земјата владее температура од 14 степени. Затоа воздухот од простиријата, преку систем на цевки го внесуваме во земјата, каде се лади и кондензира, односно го ослободува вишокот на влага. На тој начин добиваме квалитетен воздух, а притоа се троши многу малку енергија“, нагласува Ѓорѓиев.

Новоизградениот нискоенергетски објект на „Експро“ во Струмица троши дваесетпати помалку енергија од воопшто неизлолираните објекти. За споредба, во овој објект се троши 15 киловатчаса за еден метар квадратен годишно, додека неизолираните објекти за истата квадратура трошат до 350 киловатчаса годишно.

Енергетски штедливи објекти се градат и во Скопје. Фирмата „Венс инженеринг“ веќе ја изгради првата таква зграда во главниот град, а веќе се гради и втората. Од градежната компанија тврдат дека во нивните станови сметката за електрична енергија ќе биде 40 проценти пониска, во однос на класично градените објекти.

Автор: Антоанела Димитриевска
Редактор: Трајче Тосев