1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Влез во ЕУ само без билатерални проблеми

Впечатокот дека Германија е воздржана кога станува збор за решавање на спорот за името меѓу Грција и Македонија лаже, вели за ДВ Николаус Ламбсдорф, ополномоштеник за ЈИЕ во германското министерство за надворешни работи.

default

Германија има траен интерес билатерални конфликти да не се внесуваат во ЕУ, изјави, меѓу другото, во интервју за Дојче веле, Николаус Ламбсдорф:

„Мислам дека залажува, и тоа и во однос на Сојузната влада, како и на Бундестагот, кои имаат активен, траен интерес билатерални конфликти да не внесуваме во ЕУ. Секој притоа, веднаш се потсетува на примерот со Хрватска и Словенија, кои, меѓутоа, конфликтот го решаваат на мирен начин и на, како што ми се чини, сечие задоволство. Сега фактички секој кандидат за пристап мора да докаже или дека на мирен начин ги решил билатералните конфликти, или пак дека е на јасен, сфатлив пат кон нивно решение. ЕУ не сака да ги увезе меѓусебните проблеми кои постојат меѓу државите на Балканот. Тоа во поединечни случаи сигурно нема да биде лесно, но сите држави од Западен Балкан го сфатија тоа и веќе има редица случаи во кои пред се‘ Хрватска и Србија почнаа да се грижат за решавање на такви проблеми, или барем да помогнат за поддршка на соседите да решат конфликти со трета земја“, оценува ополномоштеникот за Југоисточна Европа во германското министерство за надворешни работи, гроф Николаус Ламбсдорф.

Автор: Верица Спасовска / ЗЈ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска