1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Власта пука во демонстрантите во Сирија

Продолжија демонстрациите во повеќе градови во Сирија и покрај тоа што претседателот, Башар ал-Асад ја укина вонредната состојба.

default

Режимот применува сила против мирните демонстранти

Во градот Хомс полицијата пукала во демонстрантите, при што загинале неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на изјави на очевидци. Во демонстрациите низ целата земја загинале десет лица, тврдат очевидци.

Помеѓу 5.000 и 6.000 луѓе мирно протестираат во Камиши град кој се наоѓа на североистокот на земјата, додека во Дера на улиците има речиси 10.000 луѓе, пренесува Франс прес. Законот за вонредна состојба го воведе партијата на Асад, Баас, кога пред 48 години по пат на државен удар дојде на власт. Укинувањето на овој закон опозицијата го смета за формално, бидејќи според нив безбедносните сили врз основ на други закони добиле поголеми овластувања.

Автор: ЖА/дпа/макфакс