1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Власта против ревизија на приватизацијата

Пратениците на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието го отфрлија предлогот за ревизија на Уставот во делот на спорната приватизација.

Со 57 гласови „за“, 44 „против“ и еден воздржан, пратениците не го изгласаа предлогот на опозицијата за измени во Уставот во делот на приватизацијата.

Опозицијата предлагаше дополнување во членот 52 став 4 во Уставот на Македонија, каде се вели дека законите и другите акти немаат повратно дејство.

Според опозицијата со овие измени би се овозможило да нема застарување на кривичното гонење и извршувањето на казните за кривични дела поврзани со трансформацијата или продажбата на претпријатија со општествен и државен капитал.

Пратениците од партиите на власта, пак, тврдеа дека предложеното решение е лицемерие и обид за собирање политички поени.