Власта и опозицијата се надмудруваат | Македонија | DW | 12.02.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Власта и опозицијата се надмудруваат

Македонскиот премиер Никола Груевски патува во Брисел на нова рунда разговори со европските власти,владата најави дека ќе бара парламентарна седница за европските закони

default

Македонскиот премиер патува за Брисел со неостварена домашна агенда-деблокада на меѓупартиската комуникација: власт- опозиција.Не дојде до викенд средба меѓу Груевски и лидерот на ДУИ,Али Ахмети,не е исклучено и опозициониот СДСМ денеска да го напушти Парламентот.Шефот на македонската влада во седиштето на ЕУ и на НАТО заминува откако пред две недели таму беше претседателот Бранко Црвенковски.Во Скопје еврокомесарот за проширување Оли Рен минатата недела остро ја критикуваше власта поради забавени и заглавени реформи,отсуство на политичкиот дијалог власт опозиција и политички тензии во Македонија.Веројатно мотивиран од овие забелешки,владиниот кабинет вчера отвори отворена седница пренесувана од телевизијата на која е преземена обврска законите кои се диктирани од ЕУ за 2007 година да бидат донесени до средината на летото.Ќе биде побарана и парламентарна седница исклучиво за т.н.европски пакет закони.

-До крај на мај и почеток на јуни да поминат во влада сите закони,за кои имаме земено обврска да бидат донесени до декември 2007 година,рече премиерот Груевски.Овие викенд владини заседанија се редовна практика,кога се во прашање темите од ЕУ и НАТО,но вчера попладне тоа е по вторпат направено преку телевизиски пренос.

-Комплетна пренесена надлежност која во втората фаза на фискална децентрализација ќе се финансира блок дотации,да отпочнат со со подготовките за утврдување на критериумите за распределување на блок дотациите по општини,која ќе се базира на формула,реферираше министерот за финансии Трајко Славевски за втората фаза на фискалната децентрализација,но и реакцијата на дел од градоначалниците главно од ДУИ,СДСМ,дека власта главно ги финансира оние општини каде што владеачката партија ВМРО ДПМНЕ има свои градоначалници.

Соопштено е дека новиот закон за обвинителство ќе биде подготвен со вградени мислења на италијанските експерти за антимафијаштво и ќе биде процесуиран,но и за него е потребна согласност на дел од опозицијата.По излегувањето на ДУИ,од денеска и СДСМ ќе го бојкотира Парламентот,ако продолжи дебатат за новиот собраниски деловник.Според него,потребно е официјализирање на албанскиот јазик,но ограничување на одделните дискусии на 10 минути,што опозицијата го толкува како обид за нејзино замолчување.Бидејќи владеачкото мнозинство нње го чека партиско лидеерскиот консензус за собранискиот деловник,СДСМ применува политички театар и трик.

-Вие сте сведоци и јавноста дека ВМРО ДПМНЕ,Никола Груевски, со својот приврзок Лилјана Поповска се обидува да ја угуши демократијата во Република Македонија,СДСМ како сериозна партија за помалку од 48 часа онолку колку што се обидоа и да ни дадат,подготви 2300 амандмани кои денеска ги донесе во Собранието,рече Јани Макрадули од СДСМ.

-Опозицијата нема друга цел освен да прави опструкција на работата на Собранието на РМ,реагираше Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ по политичката игра на СДСМ да го блокура донесувањето на Деловникот со над 2000 амандмани.