1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Власта во Каиро попушта под меѓународниот притисок

Меѓународниот протест по претресот во просториите на повеќе невладини организации во Каиро покажа прв резултат. Властите ветија дека ќе го вратат и запленетиот материјал.

default

Бирото на фондацијата Конрад Аденауер во Каиро

Според информациите од Вашингтон, американската амбасадорка во Каиро добила уверување од Воениот совет дека вакви рации во иднина нема да бидат вршени. Властите вфетиле и дека ќе го вратат запленетиот материјал при претресот на просториите на невладините организации. Во рацијата кај 17 невладини египетски и странски организации беше опфатено и бирото на германската фондација Конрад Аденауер. Германската влада поради тоа го повика египетскиот амбасадор во Берлин на разговор. Нему недвосмисленому било пренесено дека е неприфатливо попречувањето на работата на фондацијата. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон во Брисел изјави дека случајот претставува демонстрација на сила против цивилното општетсво. ОН претресот го оценија како обид за заплашување на активистите за заштита на човековите права.

Автор: ЖА/дв

Редактор: Александра Трајковска