1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Власи-Романци, Срби или нешто трето?

Драмата околу условувањето на српската кандидатура за ЕУ од страна на Романија во фокусот го стави прашањето на влашкото малцинство, посебно во источна Србија.

Проблемот се разбира не е од вчера и официјален Букурешт во повеќе наврати и порано по тој повод упатуваше протести против Белград. Владимир Илиќ од Центарот за развој на цивилното општество од Зрењанин, инаку организација која во континуитет се занимава со оваа проблематика, вели дека проблемот е сложен. „Никој не знае колку Власи има во источна Србија. Ги има во шестоцифрен број, но колку ќе бидат декларирани, зависи од низа фактори од кои некои очигледно се поврзани со можноста за слобода на изразување“. Илиќ меѓутоа истотака заклучува дека според нивниот огромен пораст, кој не може да се објасни со дејствување на демографските фактори, очигледно дека состојбата се подобрува.

„На пописите на население во последните 50 години нивниот број варирал од 1.500 до 102 илјади, што се разбира е демографски невозможно, туку е условено од други фактори“, објаснува Илиќ.

Власите не се сметаат за загрозени

Aromunen nach einem Gottesdienst in Ciamurila

Во пописот на населението од 1991. година имало околу 20 илјади декларирани Власи. Во 2002. имало 40 илјади, а на последниот попис во 2011. година-64 илјади луѓе се декларирале како Власи, а уште илјадници кои под националност запишале Срби навеле дека влашкиот им е мајчин јазик.

Владимир Илиќ укажува дека дополнителен проблем претставува и прашањето за состојбата на Романската православна црква - РПЦ во источна Србија. Таа е призната во Војводина но не е призната во останатиот дел на Србија така што положбата на свештениците и верниците зависи од локалните околности.

Радиша Драгојевиќ, претседател на Националниот совет на Власите, смета дека романското условување на кандидатурата на Србија за ЕУ е непримерно: „Веднаш да кажам, проблемот е во тоа што тие го прават, бидејќи кај нас проблеми не постојат. Како малцинство ние сме третирани како и останатите национални малцинства, со еднакви права. Значи не сметаме дека сме загрозени или обесправени. Ние како своја матица ја сметаме Србија, а Романија е матична земја на националното малцинсто- Романци. Тоа се се’ автохтони национални малцинства кои егзистираат во Србија. Нашиот мајчин јазик е влашки, а не романски“, вели Драгојевиќ.

Ист јазик од двете страни на Дунав

Rumänien Serbien Land und Leute Eisernes Tor

Националниот совет на Власите усвои и правопис на влашкиот јазик, иако Славољуб Гацовиќ , историчар и основач на романската невладина организација Ариаднае Филум тврди дека влашкиот јазик не постои, туку дека станува збор за дијалект на романскиот јазик. „Романија впрочем не инсистира на тоа дека Власите се Романци туку дека Власите или Романците во Србија всушност имаат еден ист јазик, а тоа е романскиот и не може да биде влашки. Зборовите, вокабуларот... се исти и од оваа и од онаа страна на Дунав. Да се бара некој нов јазик и да се инсистира на тоа за да се стане ново национално малцинство не е ништи друго освен политика, а не лингвистика“, оценува Драгојевиќ.

Центарот за развој на цивилното општество наскоро ќе почне со проектот чија цел е да се „извезат“ искуства од Војводина во заштитата на националните заедници и да се применат на влашкото национално малцинство. Тоа би требало да биде изведено преку соработка со Националниот совет на Власите, како и со претседателите со етнички мешаните општини и цивилниот сектор. Имено, постојат битни разлики во законските права на припадниците на националните заедници во Војводина како и во финансиските средства кои им се доделуваат.

Автор: Динко Грухоњиќ/ Симе Недевски

Редактор: Ж. Ацеска