1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Владо Камбовски нов претседател на МАНУ

Со 26 гласа за, од вкупно 41 член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), професорот по кривично право, Владо Камбовски е избран за нов претседател на оваа научна институција.

default

Академик Владо Камбовски ќе ја води Македонската академија на науки и уметности во наредните четири години. Тој беше и единствен кандидат за функцијата - претседател на МАНУ.
Седницата почна завчера вечерта зад затворени врати, но беше прекината поради прекин во снабдувањето со електрична енергија во центарот на Скопје.
Новиот претседател на МАНУ ќе го замени Геогри Старделов, чиј мандат истекува на крајот од годинава. Старделов беше прв човек на МАНУ од почетокот на 2008, кога функцијата ја наследи од академик Цветан Грозданов.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска