1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Владо Илиевски се збогува со репрезентацијата

Само три дена по Тодор Гечевски, крај на кариерата во македонската кошаркарска репрезентација објави и Владо Илиевски. „Секогаш со гордост го носев национален дрес“, порача Илиевски.

Ден по информацијата дека Илиевски го напуштил тимот на Локомотив Кубан, поради семејни причини, денеска со соопштение до јавноста тој информира и дека става крај на своите настапи во репрезентативниот дерс на Македонија.

„Би сакал да ве информирам за две мои решенија, кои ги донесов последниве неколку дена. Едната одлука е да ја напуштам екипата на Локомотив Кубан од Русија, каде настапував и во вториот дел на минатата сезона, а втората одлука е да престанам со настапите за македонската репрезентација. И во двата случаја причината е идентична и е од лична природа“, стои во соопштението до јавноста.

Владо Илиевски со неполни 18 години, стана дел од најдобрата кошаркарска репрезентавија на Македонија, со која настапи и на Европските првенства во Франција 1999-та и Литванија 2011-та година, со која стигна до четвртото место.

„Останувам најголемиот навивач на репрезентацијата“

Basketball EM Spanien Mazedonien

Влатко Илиевски во сцена на полуфиналниот меч со Шпанија на ЕП 2011 во Литванија

Кошаркарот, кој ќе биде запаметен по неговата „тројка“ во полуфиналето против Литванија, како и неговата изјава веднаш по натпреварот: „Леле, луѓе што направивме?!“, заблагодарувајќи се на соиграчите од репрезентацијата, тренерите, но пред се’ на публиката, во соопштението до јавноста потенцира:

„Иако на моменти беше доведувана под прашање мојата посветеност кон македонската репрезентација, сакам да истакнам дека репрезентацијата е најзаслужна за мојата афирмација како кошаркар, но и дека репрезентацијата ми ги донесе најрадосните моменти во мојата кариера“.

„Секогаш со гордост го носев националниот дрес и со срце се трудев да и’ помогнам на мојата држава да извојува победи на спортскиот терен“, вели Илиевски.

Иако се откажа од настап во репрезентацијата, тој ја искажува својата подготвеност во иднина да се стави на располагање на националниот тим.

„Останувам најголемиот навивач на репрезентацијата и во кое било време сум подготвен да помогнам за доброто на македонската кошарка“, порачува Владо Илиевски