1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Владините трупи на Сомалија навлегоа во Могадишу

Главниот град на Сомалија, Могадишу, по шест месечна опсада од страна на така наречените милиции “шаријатски судови” од денеска повторно е во рацете на преодната влада на Сомалија. Владата во меѓувреме воведе и вонредна состојба во земјата. Во Њујорк Советот за безбедност на ОН и во вториот обид, не успеа да постигне спогодба и да повика на брзо положување на оружјето.

Сомалија

Сомалија

Опколувањето на Могадишу од страна на трупите на сомалиската преодна влада и Етиопија веќе не можеше да се сопре, по што милициите на така неречените “Шаријатски судови” ги напуштија нивните позиции во главниот град на Сомалија. Во текот на ноќта сепак имаше нови жртви, бидеќи одново се разгоре насилството меѓу завојуваните страни. Најголемото стравување на граѓаните е дека во главниот град и областите во централна и јужна Сомалија од каде се повлекоа милициите, по укинувањето на власта од страна на шаријатските судови ќе завладее анархија.

Осман Јусуф е новинар во Могадишу и утрово вака ја опиша ситуацијата. „Граѓаните на главниот град утрово ги разбудија истрели од огнено оружје, и се најдоа во нова ситуација. Многу продавници се затворени. Многумина останаа дома бидејќи имаат страв. Шарија милициите, кои се бореа во централна и јужна Сомалија се повлекоа во градот и униформите ги заменија со цивилна облека.”

Многумина сега се прашуваа каде се повлекоа водачите на судовите, но одговор на ова прашање сеуште нема.

Во меѓувреме во Њујорк и на втората седница на Советот за безбедност за кризата во Сомалија, не се постигна согласност околу натамошните чекори. Главниот спор се води меѓу САД и Катар по прашањето дали Етиопија треба да се повлече од Сомалија. Генералниот секретар на ОН во заминување Кофи Анан ги повика страните во конфликтот во Сомалија да се вратат на преговарачка маса и притоа предупрди „Апелирам до соседните држави, да се држат понастрана од кризната област и да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Сомалија.”

Анан кој самиот се вклучи во преговорите меѓу државите во конфликтот, Арапската лига и Африканската унија добил уверување од претседателот на Етиопија дека станува збор за ограничена воена акција и трупите наскоро ќе се повлечат.