1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Владина криза во Романија

По повеќенеделни спорови,владината коалиција во Романија е пред распаѓање.Премиерот Калин Таричеану најави крај на сојузот со Демократската партија на претседателот на државата Трајан Басеску и поставување осум нови министри.Таричеану сака да коалицира со Унгарската Демократска унија и да формира малцинска влада,надевајќи се на поддршка на опозиционите Социјалдемократи.Либералниот шеф на владата изјави дека Романија како членка на ЕУ има потреба од стопански напредок и мора да го остави зад себе комунистичкото минато.