1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Владина криза во Пакистан

По распадот на владината коалиција во Пакистан, владеачката Народна партија се обидува да ја убеди Муслиманската лига како помал коалиционен партнер да се врати во владата.

default

Повторно главоболки, Наваз Шариф

Претседателот на Народната партија Асиф Али Зардари најави излегување во пресрет во врска со главната причина за распад на коалицијата, имено враќањето на функција на 60-те судии, кои ги отпушти екс-претседателот на државата Первез Мушараф.

Распадот на владината коалиција во Пакистан не беше никакво изненадување. Разликите беа многу видливи уште на почетокот на заедничкото владеење по изборите во февруари.

„Поради повторените пропусти и прекршувања на договореното, принудени сме да ја прекинеме поддршката за владината коалиција и да минеме во опозиција“ – појасни шефот на Муслиманската Лига Наваз Шариф.

Услов - враќање на судиите

Неговата партија, како помал партнер во коалицијата, инсиситираше од почетокот на враќање на судиите што ги отпушти претходниот претседател на државата. Народната партија не сакаше да се сложи со тоа барање, но при создавањето на владината коалиција сепак го прифати. Според договорот судиите требаше да се вратат 30 дена по создавањето на владата. Тоа меѓутоа никогаш не се случи. Запрашан за објаснување претседателот на Народната партија Зардари во интервју за БиБиСи изјави:

„Не е вистина дека не сум го одржал ветувањето, тоа едноставно беше политичка спогодба во одредена политичка ситуација. Таа меѓутоа се смени по потпишувањето на овој документ...“

Без вистински објаснувања

Зардари никогаше не појасни што се сменило во ситуацијата. Веројатно станува збор за тоа што Народната партија и Муслиманската лига ги спои политичкото непријателство кон Первез Мушараф, додека беше шеф на државата. Неговото заминување од функцијата под притисок на владината коалиција беше истовремено и почеток на нејзиниот крај.

Народната партија не беше неподготвена на заминувањето на Муслиманската лига од коалицијата. Таа владее ионака во коалиција со уште две помали партии, а би можела да владее и сама. Наскоро би можела и да ја прошири својата моќ: шефот на партијата Зардари, инаку вдовец на поранешната премиерка Беназир Буто која загина во атентат борејќи се против власта на Мушараф, ќе биде кандидиран за иден претседател на Пакистан. Шансите да биде избран се проценуваат како реални.