1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Владимир Глигоров: Да се штеди!

Угледниот економски експерт од Виенскиот институт смета дека падот на еврото нема да предизвика големи потреси во Македонија. Планот на македонската влада за емисија на еврообврзница во моментов, според него, е ризичен.

default

Владимир Глигоров

Македонската влада да штеди и да се размислува на корекција на макроекономската политика во делот на фиксниот курс на денарот, порача денеска во Скопје Владимир Глигоров, економски експерт од Виенскиот институт. Глигоров смета дека Македонија во минатата година пропуштила добра можност за поволен аранжман со ММФ. Владиниот обид за задолжување во странство во услови на европска криза, според него е ризичен потег:

„ Сега да се позајмува на комерцијалниот пазар, кога поради Грција постојат високи ризици е многу скапо решение. Затоа остануваат решенија како ребаланс на буџетот и слично. Станува проблем фиксацијата на курсот, кој ги ограничува сите други можности“.

Полза наместо штета

Според Глигоров падот на вредноста на еврото може да биде од полза за Македонија и некои од земјите-членки на ЕУ. За Македонија е позитивен моментот пред се‘ заради фактот што трговската размена во ЕУ се прави во евра, а курсот на денарот е фиксен. Земјите како Грција, Португалија, Шпанија би станале поконкурентни на светската туристичка мапа. Сепак Глигоров предупредува дека главниот проблем кој предизвикува грижа кај Европската централна банка е опасноста од инфлаторни последици:

Symbolbild Kursverluste Euro und Dollar

„Би било многу лошо ако заради тоа би се зголемиле каматните стапки за да се одржи курсот на еврото. Во овој момент тоа би имало доста негативен ефект. Меѓутоа, сметам дека тоа нема да се направи. Германија на пример презема други мерки, како ограничувањето на шпекулирање, односно тргување со еврото“, вели Глигоров.

Инаку македонскиот министер за финансии Зоран Ставрески најави ребаланс на буџетот во јуни, но не ја исклучи можноста за брза емисија на еврообврзница. Минатата недела тој го предводеше владиниот економски тим кој во неколку европски градови бараше инвеститори кои за поволна камата би ја купиле еврообврзницата која би била со вредност од 170 до 220 милиони евра.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Жана Ацеска