1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Влада на национален спас- единствен излез?!

Во Тузла е покрената иницијатива за формирање на експертска влада, или влада на национален спас. Економистите се уверени дека е тоа единственото решение, додека правниците се скептични.

Стопанствениците на Тузланскиот кантон истакнаа некои од конкретните барања со цел подобрување на севкупната состојба во кантонот, но и во целата земја. Идејата е да се формира влада која би ја сочинувале експерти од разни области и која исклучиво би работела за доброто на народот. Фарук Ширбеговиќ, член на економско-социјалниот совет на Тузланскиот кантон, но и еден од најуспешните стопанственици во земјата вели дека прво мора да се дефинира кој ќе ја сочинува владата: „Треба да се избере влада која ќе биде пополнета со оние кои сакаат да придонесат да се подобри состојбата, кои не се партиски обоени. Сегашната ситуација говори дека состојбата не е добра. Сите ја запоставуваа економијата и беа социјално нечувствителни. Главна цел на таа нова влада е поттикнуавање во вработувањето и поттикнување за новите стопанственици“.

„Државата го ограбува народот“

Duljko Hasic, Wirtschaftsexperte aus Bosnien und Herzegowina

Дулјко Хасиќ

Идејата е добра се согласуваат могумина економисти, но и стопанственици. Дулјко Хасиќ од Надворешно-трговската комора на БиХ вели дека од асепкт на моменталната ситуација тоа е најдобро и единствено решение: „Фирмирање на експертска влада или влада на спас навистина се наметнува како единствен излез и единсвено решение во овој момент“.

Влада или влада на спас на сите нивоа во БиХ секако би требало да има помалку министерства и помалку службеници, но тие би требало да бидат поефикасни од сегашниот огромен административен апарат, кој е тотално неефикасен, напоменуваат експерти. Тие дополнуваат дека Владата би можела да ги има првите резултати веќе за неколку месеци, а целосен ефект би се постигнал за две години.

Wirtschaftliche Lage in der Republik Srpska

Милојевиќ смета дека многу безо може да се излезе од кризата

Економистот Алекса Милојевиќ тврди дека постојат решенија и тие можат да се реализираат низ таква организација, односно преку влада на спас. „Едноставно е неверојатно како оваа власта владее 20 години, а не знае да отвори претпријатие, туку знае само да распродава и да се задолжува. Сигурно дека постојат луѓе во БиХ кои се во состојба да направат нов модел на владеење и да излеземе од кирзата. Многу лесно и многу брзо“.

Милојевиќ предупредува дека мора да се реши системот на приватизација: „Сведоци сме, откако е направена оваа приватизација и стопнството е предадено во рацете на поединци, државата не прави ништо друго туку го ограбува народот и тие богатсва ги пренесува на поединци, надевајќи се дека тие ќе го придвижат стопанството, што е грешка“.

На прво место интересите на граѓаните

Faruk Sirbegovic, Bauunternehmer und Firmeninhaber

Ширбеговиќ се надева на брзи видливи резултати

Поради тоа владата на спасот би требало да биде составена од непартиски луѓе, поточно од луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на поедини центри на моќ, како што се истакнува. Ширбеговиќ се согласува со констатацијата дека денес во БиХ е тешко да се пронајдат луѓе кои не се симпатизери на ниту една партија, но важно е тие да не работат во нивен интерес, туку во интерес на граѓаните.

Предлогот е во овој момент таа влада или влади да се формираат во кантоните каде е тоа неопходно, па и на федерално ниво, бидејќи за сѐ друго би била потреба промена на Уставот. Ширбеговиќ очекува скоро формирање на таа влада во Тузланскиот кантон.

На крајот се наметнува прашањето: Дали формирањето на таква влада, значи експертска или влада на спас е можно според Уставот и на кој начин тоа би функционирало во пракса? Омер Ибрахимагиќ професор по уставно право од Сараево вели дека ниеден устав во БиХ не познава таков вид на организирање: „Обично во други земји е дефинирана влада во технички мандат за разлика од БиХ. Тоа може да биде само препорака на некоја група, или граѓани, собрание на кантон во формирањето на нова влада да води сметка за тоа за министри да именува лица кои се експерти за одредени области, а кои би можеле да ја подобрат ситуацијата во општеството. Меѓутоа пробелмот е што партиите имаат свои луѓе, кои се некомпромитирани во разни области. Според тоа таква влада би можела да се формира и со волја на партиите, па се поставува прашањето дали тоа е тоа“, заклучува Ибрахимагиќ.