1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Владата ја заострува политиката кон азилантите

Висок комитет од министри во македонската влада пред извесен период донесла серија мерки за намалување на бројот на азиланти во западноевропските земји. На закон се чека.

Серијата мерки за намалување на бројот на азиланти во западноевропските земји во најскоро време треба да бидат преточени во нова построга законска регулатива, за која е задолжено Министерството за внатрешни работи.

Вицепремиерите за Рамковен договор и за евроинтеграции, заедно со министрите за надворешни, за внатрешни работи, за правда и за труд и социјална политика, како и министерот без ресор Неждет Мустафа, донесле повеќе превентивни мерки за спречување и намалување на бранот азиланти, што пред се‘ доаѓа од кумановско-липковскиот крај и особено од скопската населба Шуто Оризари.

слушај аудио 02:40

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски за мерките за намалување на бројот на азиланти во западноевропските земји

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски во изјава за Дојче веле потврди дека високиот владин комитет расправал и донесол одлука за заострување на политиката за издавање патни исправи и во иднина да се казнува секоја злоупотреба на биометриските пасоши при патувањата во странство, за што задача добило МВР.

Воедно, Комитетот презел мерки за заострување на односот кон организаторите на патувањата на азилантите во западните земји - туристички агенции, посреднички фирми и индивидуалци, а преку министерот без ресор Неждет Мустава веќе се организирани серија трибини и предавања со популацијата од овие „кризни средини“, на кои им е објаснето дека е многу тешко, или речиси невозможно, да се добие азил во западноевропските земји со нивните барања и дека тие треба да покажат поголема свест и да не дозволуваат и натаму да бидат манипулирани со евтините приказни и евтините автобуски тури.

Според Ристовски, Министерството за внатрешни работи во најскоро време ќе излезе со предлог закон за заострување на политиката кон азилантите, за што во изминатиот период на неколку пати доби сериозни предупредувања од ЕУ, а во еден период дури и се доведе во прашање и либерализацијата на визниот режим.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина