1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Владата смета дека нападот е со политички мотиви

Зградата на македонската влада е гранатирана, но проектилите ја промашија целта.

default

Портпаролот на македонската влада, Ивица Боцевски

Полицијата го истражува нападот, а владата смета дека е политички мотивиран. Портпаролот, Ивица Боцевски изјави:

“Кон Владата на Република Македонија се испукани две гранати од тромблонски минофрлач кои што паднале недалеку од зградата на Владата на РМ. На извршителите и на наредбодавците на овој чин Владата на РМ им порачува дека кога тогаш ќе се најдат зад решетки. На политичките инспиратори, пак, на овој чин, владата им порачува дека пораката е примена и дека со овој чин само ја зацврстија одлучноста на владата да продолжи со истата политика што ја спроведуваше и досега.”

Нападот на седиштето на македонската влада се случува кога таа е на колективен годишен одмор. Во период на заострени политички односи и во време на неколку големи судски процеси. Владеачката ВМРО ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека со насилство врши притисок врз институциите кои се борат со криминалот и корупцијата. Опозициската СДСМ порача дека ако власта не ја лоцира одговорноста за инцидентот, тоа значи дека настанот е уште една фабрикувана лага за дефокусирање на јавноста. Тензија на политичката сцена во Македонија крена процедурата за одземање на имунутетнт на поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, обвинет за финансиски малверзации тешки 3 милиони евра. Второобвинетиот за истиот случај, армискиот генерал Методи Стамболиски е сеуште во притвор. Парламентот за третманот на Бучковски ќе расправа на 16 август. СДСМ бараше итна седница, но претседалот на Парламентот Љубиша Георгиевски одби да ја закаже. Бучковски го обивинува дека тој стои зад, како што вели, хајката по него: ”Отворено се сомневам дека неуспешниот режисер на целата оваа претстава е Љубиша Георгиевски, уште повеќе што е јасно дека истражната судијка комуницирала писмено со него – значи барањето е упатено до Љубиша Георгиевски, а наместо да одговори Љубиша Георгиевски без негов потпис доаѓа одлука на комисијата која ние тврдиме дека е фалсификат. “

Денеска во скопскиот суд почнува судењето на Станислава Чочоровска, обвинета за шверц на половина тон кокаин. Пратката од 483 килограми дрога од Венецуела за Грција беше заплената во јануари на граничниот премин Блаце. Овдешните медиуми ја нарекоа балканска кралица на кокаинот, а српските ја споменуваа како можен сведок во истрагата за атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.