По неколкуте инциденти во Македонија и информациите за вооружени лица, се актуелизира прашањето за безбедноста и се преземаат мерки за испитување на веродостојноста на видео записите околу некои инциденти.
Скопје
Последниве денови во Македонија е актуелно прашањето за безбедноста во државата. Посебно по неколкуте напади и инциденти, во кои имаше и загинати. Се погласни се критиките од страна на опозицијата дека власта лошо ја менаџира безбедносната политика.