1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Владата падна, политичката битка во Букурешт продолжува

По падот на владата на десниот центар во Букурешт со изгласување недоверба, претседателот Трајан Басеску го именуваше социјалдемократот Виктор Понта за нов премиер на Романија.

Оаа одлука беше обелоденета само неколку часови по изгласувањето недоверба. Шест месеци пред парламентарните избори планирани за во ноември 39 годишниот лидер на опозицијата Виктор Понта доби задача да формира нов кабинет. „За Романија не постојат причини за паника“, изјави претседателот Трајан Басеску по падот на владата. „Се’ се движи во демократски рамки и е под конторла, што се однесува до безбедноста на државата“. Истовремено тој увери дека романското Министерство за финансии располага „со солидни финансиски резерви, со чија помош земјата ќе може да надмине секаков вид на случувања“.

Одлуката на Басеску ги затече негови приврзаници. Имено минатата година тој се произнесе дека никогаш нема да го именува лидерот на социјалдемократите Виктор Понта за премиер.

Владата потклекна под притисокот на опозицијата

Rumänien Neue Regierung von Parlament bestätigt

Поранешниот шеф на тајните служби Михаи Разван Унгуреану на чело на владата се задржа помалку од 90 дена

Во Букурешт на 27 април за помалку од 10 часа се случи спектакуларен политички пресврт. Зад него стои силниот притисок кој опозицијата го изврши врз владата. Опозицијата имено ја обвинуваше владата меѓу другото и за недостиг на транспарентност при приватизацијата на државни фирми. Кон ова се надоврза обвинувањето дека владата при расределбата на јавни средства преферирала градови, каде владеат градоначалници од либерално-демократската владејачка партија. Опозицијата инаку ја сочинуваат две партии со целосно различни концепции, социјалдемократите и национал-либералите.

Уште во јануари илјадници Романци излегоа на улиците во сите големи романски градови да демонстрираат против владата и претседателот Трајан Басеску. Тие протестираа против програмата за штедење, која меѓу другото предвидува кратење на платите во јавните служби за 25 проценти.

Rumänien Bukarest Protest Demonstration gegen Regierung

Во јануари демонстрантите ширум Романија бараа оставка на владата

Нивниот гнев се зголеми, поради тоа што претседателот постојано се противеше да води дијалог со опозицијата, која се залага за помалку драстични програми за штедење. Уште на почетокот на годинава според анкетите, помалку од десет проценти од граѓаните му веруваа на претседателот и неговата либерано-демократска влада.

На крајот на февруари граѓанската влада на тогашниот премиер Емил Бок од либерално-демократската партија поднесе оставка. Неговиот наследник, поранешниот шеф на тајните служби Михаи Разван Унгуреану, имаше за цел да продолжи со реформата и програмата за приватизација, кои неговиот претходник ги договори со ММФ. Исотвремено Унгуреану се изјасни дека има намера да ги покачи платите во јавниот сектор на нивото пред кризата. И покрај оваа оптимистичка најава и натаму се’ повеќе граѓани ја изгубија довербата во нивната влада: повеќе од 50 проценти Романци според анкетите, имаат намера да гласаат за опозицијата. Под вакви тешки околности граѓанската владејачка партија за неколку недели загуби десет пратеници и десетини градоначалници и локални политичари, кои преминаа во таборот на опозицијата.

„Гласањето недоверба од политички аспект ја потврдува одлуката на гласачите, која според анкетите веќе е видлива“, вели социологот Васили Динку, раководител на Институтот за социјални истражувања во Букурешт. Од негово гледиште постои уште едно објаснување за падот на владата: „Непартискиот премиер Михаи Разван Унгуреану не успеа да ја докаже неговата политичка независност. Исто како и неговиот претходник Емил Бок, и на него се гледаше само како на извршител на намерите на претседателот“.

Високи очекувања од владата на Понта

Victor Ponta

Виктор Понта доби мандат да формира нова влада

Оттука високи се очекувањата од новата влада под раководство на водачот на опозицијата Виктор Понта. Сепак се чини дека водечките опозициони политичари се свесни дека не можат ненадејно да ја откажат програмата за штедење договорена со ММФ и ЕУ. Денот пред да се изгласа недовербата на романската влада, социјалдемократот Виктор Понта се изјасни дека опозицијата ќе ја продолжи соработката со ММФ.

Истовремено тој се изјасни дека ќе преработи делови од договорот за штедење, како на пример намалување на ДДВ-то. „Овие мерки не се потребни само во Романија, туку и во Европа“, изјави Понта. „Но, мора и да го поттикнеме нашето стопанство, кое можеби е најслабото во ЕУ“. Фискалните мерки, како намалување на ДДВ-то сепак неможе да бидат спроведени пред изборите во ноември.

Истовремено, политичката борба во Букурешт е многу повеќе отколку само економска дебата. Експертите, со пролиберално-конзервативна ориентација, како на пример Владимир Тисменеану, се уверени дека новиот социјалдемократски премиер може да ги стави финансиите под контрола, но тој е на мислење дека опозицијата во последните недели користеше „изолаторска и многу националистичка реторика“. Од негова перспектива опозицијата во Романија би можела да води во правец, кој не е корисен за „природата на демократската модерна“.

Опозицијата пред гласањето недоверба повеќепати најави, дека ќе иницира постапка за суспензија на претседателот, доколку би дошла на власт. Но, откако претседателот Басеску го именуваше Виктор Понта за премиер, опозицијата повеќе не ја споменува оваа тема. Оттука би можело да се претпостави дека атмосферата во политички Букурешт во наредниот период ќе биде посмирена и дека ќе има кохабитација меѓу претседателот и опозицијата.