1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Владата на Самарас се држи

Грчкиот премиер Андонис Самарас и неговиот кабинет го преживеаја гласањето за доверба во Парламентот.

Мнозинството пратеници во Парламентот во Атина во текот на ноќта (10/11.11) го отфрли барањето на радикалната левица Сириза за недоверба на Владата. На гласањето учествуваа 294 од вкупно 300 пратеници. Од нив 153 се изјаснија против предлогот на Сириза, додека 124 пратеници беа „за“. За да се изгласа недоверба беа неопходни 151 глас. Еден од пратениците на социјалистите, кои се помал коалиционен партнер во Владата, гласаше за недоверба, по што беше исклучен од пратеничката група и од партијата.

Сириза настојува да го спречи спроведувањето на острите мерки за штедење. Дебатата во Парламентот се водеше во времето додека во Атина престојуваат претставниците на т.н. Тројка, кои вршат проверка на напредокот во остварувањето на реформите неопходни за санација пред да ја одобрат следната транша од помошта за Грција, во износ од 5,9 милијарди евра.

EU-Gipfel in Brüssel Antonis Samaras 24.10.2013

Андонис Самарас

„Илјадници луѓе бараат храна на депониите“, изјави од парламентарната говорница челникот на Сириза, Алексис Ципрас повикувајќи ги да гласаат за недоверба на Владата. Според полициските процени, за тоа време на плоштадот Синтагма пред парламентот се собраа 3.500 приврзаници на Сириза кои протестираа против владините политики.

Директен повод за иницијативата за гласање недоверба на владата беше акцијата на грчката полиција од пред неколку дена, кога нејзините припадници упаднаа во зградата на поранешниот јавен радиодифузен сервис ERT и ги евакуираа сите поранешни вработени новинари кои беа отпуштени од работа во јуни годинава. Отпуштањата и згаснувањето на ERT беше спроведено во рамките на санацискиот план за отпуштања на четири илјади вработени во државните служби до крајот на 2013 година. Владата тоа го оправда со расипништвото, корупцијата, малверзации, нерационално трошење на ресурсите и непотизам, а притоа го формираше новиот јавен сервис DT во кој влегоа некои од поранешните кадри на згаснатата радиотелевизија.

Поврзана содржина