1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Владата на САД врши нов упад врз интернет слободата

Компанијата „Лавабит“ која нуди заштитена електронска пошта одлучи да затвори, откако американската влада и‘ наредила да ги открие приватните податоци на своите корисници. Случајот отвора досега невиден преседан.

Американскиот провајдер на шифрирана електронска пошта Лавабит одлучи целосно да го затвори својот бизнис, по притисоците и заканите од американските власти кои откриле дека сервисот го користел бегалецот Едвард Сноуден. Иако нема официјална потврда дека затворањето се должи на инволвираноста на Сноуден, светските агенции без исклучок се сомневаат дека поранешниот аналитичар на американската тајна служба е причината за досега невидениот притисок врз еден интернет сервис.

„Бев принуден да донесам тешка одлука: да бидам соучесник во криминал против американскиот народ, или да се откажам од 10 годишната напорна работа со затворање на Лавабит“, објави сопственикот на Лавабит, Ладар Левисон во отворено писмо на интернет-страницата на компанијата со седиште во Тексас.

„Тепаниот“ мора и да молчи

Левисон вели дека одлучил да го „суспендира работењето“, но дека му е

Screenshot Lavabit

Факсимил од писмото на Левисон

забрането да дискутира за случувањата од последните 6 недели кои довеле до таквата одлука.

Тоа е всушност истиот период во кој Сноуден излезе во јавноста со деталите за тајното електронско шпионирање кое го вршела американската тајна служба НСА.

„Ова искуство ме научи на една важна лекција: без одобрение од Конгресот или голем судски преседан, би им препорачал на сите да не ги отстапуваат своите приватни податоци на компании кои имаат физички врски со САД“, порача Левисон.

Американското министерство за правда засега не ги коментира неговите ставови.

Во четвртокот вечер, уште еден голем сервис за т.н. безбедна електронска пошта „Сајлент Сркл“ ги затвори своите услуги за клиентите. Сопственикот Џон Калас соопшти дека неговата фирма не добила никакви закани или предупредувања од властите, туку самостојно ја донела одлуката.
„Следиме што се случува, и одлучивме дека најдобро за нас е да го затвориме безбедниот мејл“, вели Калас.

Компанијата ќе продолжи да нуди шифриран сервис за СМС пораки и телефонски повици, но Калас признава дека повеќе не може да ја гарантира приватноста на електронските пораки.

Документите кои ги откри Сноуден покажуваат дека големите интернет-корпорации како Гугл и Мајкрософт сесрдно им помагаат на тајните служби во собирањето податоци за нивните корисници. Од овие компании велат дека тие ги заштитуваат податоците на корисниците, но во истовреме мораат да им излегуваат во пресрет и на владините барања.

Приватност само во парк!

Лавабит досега важеше за исклучок од ова правило, затоа што корисниците на

Edward Snowden

Едвард Сноуден

нивниот мејл добиваа целосна заштита за нивните податоци. Соопштението од Лавабит сугерира дека американските власти издале наредба компанијата да дозволи увид во шифрираните податоци, особено во заштитената кореспонденција на Сноуден, но можеби и на стотиците илјади други корисници.

Одлуката на Лавабит да ја затвори својата дејност е невообичаен преседан во САД, бидејќи најголемиот дел од компаниите досега одлучуваа да соработуваат со владините служби, вели адвокатот Курт Опсал од Фондацијата за електронска слобода од Сан Франциско. Левисон соопшти дека компанијата сега подготвува документација со која ќе се бори против барањето на властите пред суд.

„Сето ова ни укажува едно нешто: ништо од тоа што го правиме на интернет не може да биде заштитено од упадите и шпионирањето на владата“, вели адвокатот Мајкл Ратнер, кој соработува со Викиликс.

„Доколку сакате да ја задржите приватноста разговарајте во големи паркови со многу дрвја околу вас“.