1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Владата на Лета доби доверба, партијата на Берлсукони надвор

Владата на премиерот Енрико Лета доби доверба од Сенатот при гласањето за буџетот 2014-та. Претходно, партијата на Берлускони, Форца Италија соопшти дека се повлекува од коалицијата.

Италијанската влада доби доверба од 171 сенатор, додека против беа 135 сенатори. Гласањето за буџетот е дел од повеќе рунди гласање за т.н. Закон за стабилност кои следуваат и во текот на денешниот ден.

На само неколку часа пред да се гласа во Сенатот, партијата на Силвио Берлускони, Форца Италија, соопшти дека се повлекува од владејачката коалиција, потег што беше очекуван, но немаше последици

Italien Premierminister Enrico Letta Vertrauensfrage Referendum 02.10.2013

Енрико Лета ја има довербата на сенаторите

по владата на Лета поради тоа што тој ја има поддршката од новоформираната партија на вицепремиерот Анџелино Алфано. Партијата на Алфано неодамна се отцепи од конзервативната партија на Берлускони.

Сенатот денеска (27.11) треба да гласа и за судбината на Силвио Берлсукони, односно за тоа дали ќе го исклучи екс-премиерот, кој е осуден за даночна измама. Се очекува мнозинството сенатори да гласа за исклучување на Берлсукони.