1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Владата на БиХ е пред распад

Владата на Босна и Херцеговина се најде пред раскол, откако речиси половината министри ја напуштија седницата на која беше извршена смена на раководствата на шест јавни претпријатија.

Членовите на Владата на федерацијата БиХ од редовите на СДП БиХ, на кои им се приклучи и Десница Радивојевиќ, довчерашен член на СДА, на вчерашната (22.06) седница ги сменија управните и надзорните одбори на шест јавни претпријатија, поради што осуммина министри од редовите на останатите партии ја напуштија работата на Владата. Седницата ја напуштиле осум од вкупно 17 министри, но бидејќи останале девет, што е повеќе од половината, седницата продолжила и биле изгласани предвидените измени. Преполовената влада наложи промена на раководствата во јавните претпријатија електростопанство, телеком и пошта во Сараево и во Мостар.

Со ова целосно е доведено во прашање натамошното функционирање на владата, откако првата криза настана при гласање на државниот буџет, кога една партија од коалицијата гласаше против. Претходно беа потребни дури девет месеци по завршувањето на изборите да биде формирана актуелната влада.