1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Владата и опозицијата со противречни оценки за првите 100 дена

Владата се фали дека во првите 100 дена од работењето најмногу постигнала на економски план. Лидерот на најголемата опозициона партија СДСМ, Заев, оценува дека токму на тоа поле таа доживеала најголем неуспех.

default

Ги исполнува ли изборните ветувања? Премиерот Никола Груевски на митинг во предизборната кампања 2008

Во Македонија се живее се’ поскапо и се’ потешко - оцени лидерот на СДСМ, Заев. Во овие 100 дена, но и во периодот претходно, карактеристични се масовните поскапувања. Попусто се зголемувањата на платите од 10%, што важи пред се’ за вработените во државната администрација, кога трошоците се зголемени за 20% или 30%. И на полето на странските инвестиции владата доживеа потполно фијаско, оцени Заев. Голем дел од 300-те милиони директни странски инвестиции, што ги спомнува владата, се девизни дознаки на македонските граѓани кои живеат и работат во странство. Гринфилф инвестиции што создаваат и нови работни места, речиси и да немаше - посочи лидерот на СДСМ.

Владата се појави и на ТВ дијалог со уредниците на медиумите

SDSM Gebäude in Mazedonien

Опозицијата тврди дека владата најмалку постигнала токму на економски план: седиштето на опозициониот СДСМ

На низата критики од политичарите и експертите се надоврза и синоќешната неколкучасовна ТВ дебата меѓу водечките новинари и членовите на владата на чело со премиерот Никола Груевски. Главните уредници на македонските медиуми поставуваа прашања на неколку теми, како надворешната, внатрешната и економската политика. Во фокусот се најде и светската финансиска криза, при што беше изнесена критиката дека македонската влада единствена во светот нема никаква стратегија за справување со неа. Премиерот Груевски на тоа одговори: „Ние како влада оценивме дека во Македонија за сега не се гледаат сигнали за финансиска криза. Не можам да тврдам стопроцентно како ќе биде понатаму, но за сега такви сигнали нема. Доколку се појават, подготвени сме да излеземе со итен закон што ќе ги заштити сите штедни влогови.“

Се движи ли Македонија кон самоизолација?

USA Daniel Fried bei der Regierung in Skopje, Mazedonien

Американскиот дипломат Даниел Фрид предупреди од самоизолација на Македонија

Меѓу прашањата се најдоа и оние за средствата што партиите од владината коалиција ги инвестирале во изборната кампања за предвремените избори во јуни, каква е проценката за евентуалната изолацијата на Македонија во меѓународната политика, како и дали постои опасност од нарушување на меѓуетничките односи? Запрашан за толкување на изјавата на американскиот дипломат Даниел Фрид дека Македонија се движи кон самоизолација поради спорот околу името со Грција, премиерот Груевски одговори: „Доколку Грција го прифати предлогот на посредникот Нимиц, а слушаме дека таа не го прифаќа, туку има голем број забелешки, и доколку македонската опозиција го прифаќа, ние сме подготвени да го ставиме на референдум.“