1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Владата и ЕВН со договор за да постигнат договор

Македонската влада и ЕВН ќе ги решаваат проблемите во рамки на правниот систем во Македонија. Тужбата на ЕВН до Арбитражниот суд во Вашингтон се става во мирување.

default

Вицепремиерот на Македонија Владимир Пешевски и првиот човек на ЕВН групацијата Гинтер Офнер денеска (28.07.10) во Скопје си подадоа рака, проблемите да ги решат на транспарентен и фер начин. Тужбата на ЕВН до Арбитражниот суд во Вашингтон се става во мирување најмалку во наредните три месеци, или се’ додека не се дојде до решение на отворените прашања.

Logo ELEM - Macedonian Power Plants

Двете страни демонстрираат задоволство, но не откриваат дали најавениот компромис значи дека Државните електрани, ЕЛЕМ, се откажува од бараните 200 милиони евра, а ЕВН од тужбата во Вашингтон: „Се договоривме проблемите да ги решаваме во судска постапка, а не во меѓусебни договори, но во рамките на македонското правосудство. Откако ќе заврши судската постапка ќе се повлече тужбата од ЕВН до Владата доставена до Меѓународниот арбитражен суд во Вашингтон, а во меѓувреме постапката ќе биде ставена во мирување“, изјави Пешевски.

Logo der niederösterreichischen Energie Versorgung - EVN - Macedonia

„Свесни сме дека ќе бидат потребни неколку месеци за конечно решавање на сите отворени прашања. Сега сме успешни во градењето меѓусебна доверба и ова ќе биде основа за интензивна работа и преговори кои ни претстојат“, смета Гинтер Офнер.

Покрај побарувањето од 160 милиони евра, кое не е регулирано во купопродажниот договор, двете страни имаат несогласувања и околу обврската за инвестирање на ЕВН во Македонија и регистрација на имотот на компанијата во земјата. Односите меѓу владата и ЕВН се затегнаа уште во 2007 година. Работите отидоа дотаму што во еден момент ЕВН доби јавна порака дека може да си оди од Македонија и дека Владата е подготвена да ги врати парите од купопродажниот договор.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Александра Трајковска